Објавени фотографии од пред 20 години- еве како изгледала поранешната министерка на денот на нејзината свадба
Поранешната министерка, универзитетска професорка, писателка имаше посебна причина за славење
Рената Дескоска е родена во Скопје каде го завршила основното и средното образование, со континуиран одличен успех при што била прогласена за првенец на генерацијата. Во 1994 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со просечен успех 9,55.
На истиот факултет, во 1997 година ги завршила постдипломските студии со просек 10 и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“. На 18 октомври 2002 година, таа докторирала на Правниот факултет во Љубљана,
Потоа почнала да работи како асистент, па привремен професор, а на крајот се вработила како редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во научната област уставно право и политички систем. Притоа, таа објавила голем број книги и трудови во домашни и меѓународни списанија и учествувала на повеќе конференции, семинари, работилници и други научни и стручни собири.
Дескоска во политиката влегла во 2014 година кога била и избрана за пратеник во Собрание, а потоа една година била и потпретседател на собранието.
На 1 јуни 2017 година, таа стапила на функцијата министер за образование и наука на Македонија како дел од владата на Зоран Заев, но на 4 јуни 2018 година таа била избрана за министерка за правда.
По напуштање на министерската функција Рената се повлече, но често е активна на социјалните мрежи каде често споделува фотографии од нејзините прошетки со сопругот или некои семејни моменти.
Деновиве таа славеше годишнина од нивната свадба, па сподели фотографии од својата свадба.
Во венчаница и многу помлада Рената позира со својот сопруг Тони Дескоска, а изгледа неверојатно и речиси непрепознатливо.
„Пред 21 година“ напиша Рената во објавата, а честитки само се нижеа.
Дека љубовта помеѓу нив двајца трае и ден денес е очигледно доколку ги погледнете нејзините фотографии објавени на социјалните мрежи.
Тие се речиси секаде заедно држејќи се за раце или прегрнати.