Ноне, тебе кога Бог те дарувал, воопшто не штедел – сите воодушевени од фотографиите на велешката морнарка што патува низ светот
Иако веќе подолго време не се занимава со пеењето, таа сепак е интересна за македонската јавност.
Ноне Неделковска или како што многумина ја нарекуваат „џебната венера“ својата музичка кариера ја стави во мирување и реши да промени професија и да патува низ светот.
Таа веќе неколку години наназад живее и работи на брод, а според фотографиите кои постојано ги објавува на социјалните мрежи се чини дека Ноне ужива во работата.
Иако поради пандемијата со коронавирусот Ноне помина некое време во родниот Велес, таа сепак се одлучи да се врати на брод и да ги продолжи своите патувања.
Ноне е активна на социјалните мрежи, па често споделува по нешто од земјите кои ги посетува, но и покажува дека воопшто не се променила, односно од година во година изгледа се поубаво.
Деновиве таа позираше во прово-ктивно издание пред огледало, односно во кратко здолниште и проѕирна кошула, па ги објави фотографиите.
Дискретен накит, убава шминка и препознатливата црвена коса придонесоа Ноне да изгледа неверојатно.
Секако следеа куп коментари и лајкови, а според она како изгледа Ноне не е ни чудно.
„Убаво Ноне, тебе кога те дарувал Господ ич не се штедел“, „Убавина“, „Бонбонче“, „„Преубава“, „Грмиш“ и уште многу други комплименти доби Ноне под објавените фотки.
Ноне ужива во секој момент, и е горда на себе.
На својот Инстаграм профил сподели фотографија од неа во чиј опис напиша стихови од популарна песна и со тоа испрати порака до сите жени.
„Јас сум жена, јас сум бестрашна. Секси сум, божествена сум, Јас сум непобедлива, креативна сум, Јас сум женствена, јас сум мажествена, Јас сум сè што сакам, Можам да те научам, можам да те сакам …
Јас сум елегантна, модерна сум, живеам по сопствен дизајн, Јас сум цреша, јас сум лимон, јас сум најслатката клучна пита од лимета.
Јас сум електрон, јас сум бас, јас сум ритамот на мојот сопствен тапан“, напиша таа.
Инаку Ноне својата музичка кариера ја започна уште додека беше релативно млада.
Првиот настап го имала на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.
Таа учествувала во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освоила второто место. После ова, таа потпишала договор со Премиер продукција.
И токму кога дистигна голема популарност во Македонија, а почна да го освојува и Балканот, се одлучи за промена и замина на брод, што по се изгледа дека било добра одлука.