Ноне се врати дома и веднаш му „скокна“ во прегратка- многумина посакуваат да се на негово место
Македонската „морнарка“ ги спакува куферите и се врати дома.
Како што замина со виде, така и со видео соопшти дека се враќа дома во родниот Велес.
Поранешната пејачка Ноне Неделковска веќе со години работи на брод, каде има можност да патува насекаде низ светот.
Деновиве таа си ги спакува куферите и одлучи да се врати дома, па веднаш скокна во прегратките на своето милениче.
Имено Ноне сподели кратко видео на кое се гледа како го прегрнува и гали своето милениче додека заедно лежат во кревет.
Нема сомнеж дека е среќна што е дома, а исто така нема сомнеж дека многумина му завидуваат на нејзиното милениче и би сакале да бидат на негово место.
Инаку Ноне својата музичка кариера ја започна уште додека беше релативно млада.
Првиот настап го имала на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.
Таа учествувала во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освоила второто место. После ова, таа потпишала договор со Премиер Продукција.
И токму кога дистигна голема популарност во Македонија, а почна да го освојува и Балканот, се одлучи на драстичен чекор и замина на брод.
Таа неодамна славеше роденден и наполни 35 години, а со текот на годините изгледа се подобро.
Она што беше интересно за нејзиниот роденден е што Ноне доби честитка од нејзината мајка, односно две срца од ајвар, сиренце и роденденски свеќички.
Иако далеку од дома, оваа честитка со сигурност го затопли срцето на Ноне.