Ноне повторно ги спакува куферите но не сакаше да открие која е новата ДЕСТИНАЦИЈА на која што ќе отплови и кога ќе се врати
Иако долго време ја нема на музичката сцена таа сè уште е интересна за јавноста.
Убавата велешанка или како што многумина ја нарекуваат „џебната Венера“ е светски патник и веќе подолго време работи на брод.
Ноне Неделковска својата музичка кариера ја стави во мирување и реши да работи на брод, па секојдневно покажува како се ужива во животот.
Патувања, луксуз, егзотични дестинации, дружби, познанства … сето тоа е дел од нејзиниот живот сега, а секоја нејзина објавена фотографија изгледа како разгледница.
Таа пред речиси еден месец се врати дома и веднаш му скокна во прегратка на своето милениче, а сега си покажа сите,
Имено Ноне е љубител на животните, па има три мачки и едно куче.
Кристи, Боно, Бошко се мачки, а малото преслатко кученце се вика Луси. Таа ги покажа сите на Инстсаграм, но она што привлече најмногу внимание е куферот.
Ноне објави и втора фотографија на кое едно од мачињата лежи на спакуван куфер, па напиша“ да си ја спакувам“.
По се изгледа дека одморот на Ноне заврши и се враќа на брод, но сепак таа не објави детали.
Дали повторно се враќа на брод или се работи за некое друго патување останува да видиме.
Инаку Ноне својата музичка кариера ја започна уште додека беше релативно млада.
Првиот настап го имала на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.
Таа учествуваше во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освои второто место. После ова, таа потпиша договор со Премиер продукција, па сними многу хитови кои ги знаат дури и поновите генерации.