Ноле и Јелена се опуштија малку повеќе па позираа „разголени“ – фановите воодушевени!
Новак Ѓоковиќ објави фотографија на својот Инстаграм со која ги запали социјалните мрежи.
Новак е на одмор со неговата сопруга по напорната, но успешна сезона. Тој по поразот во финалето на завршниот турнир во Лондон замина на еден подолг одмор со Јелена. И по нејзините многубројни фотографии од „тајното“ место за одмор, Новак одлучи да објави и една заедничка на која и двајцата се поразголени отколку инаку.
https://www.instagram.com/p/BqfV93tgl_f/
Фотографијата настанала најверојатно неколку минути пред или по бањање во преубавото, мирно море, па и двајцата беа во костими за капење.
https://www.instagram.com/p/BqfUG0fDto5/
На нашето среќно место, заедно со Јелена. Време, сонце, природна енергија.. напросто само најдоброто, напиша Ноле под нивната заедничка фотографија.
https://www.instagram.com/p/Bqc41iOjKA4/