Новиот градоначалник на Струмица ги покажа најважните жени во НЕГОВИОТ ЖИВОТ – ова е нешто што ретко го гледаме!
Македонскиот политичар и пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ, а од неодамна и градоначалник на Струмица ја покажа својата понежна половина, но и неговата мајка.
Иако неговиот Фејсбук и Инстаграм профил е преполн со фотографии од работата која ја извршува како политичар сепак знае да направи место и за приватиот живот.
Костадин Костадинов е еден од најзгодните момци во партијата, а неодамна соопшти дека повеќе не е ерген, односно дека ја побара раката на неговата девојка Марија Десанова.
Фотографија од прстенот на социјалните мрежи сподели младиот политичар, кој напиша и емотивна порака.
„Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе, напиша тој и додаде:
„Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“, напиша тогаш Костадинов на својот профил на Фејсбук.
Се чини дека овие две дами имаат посебно место во неговото срце, па со гордост ги покажува.
Имено Коста се појави на гласачко место во Струмица заедно со својата мајка која гордо чекореше покрај својот син.
Костадин облечен во син костум, а таа во црн костим, со преубава чанта и црни чизми.
Вистинска дама додека чекореше покрај својот син.
Се чини дека во нивното семејство убавината е наследна, а доказ за тоа е и сестрата на Коста.
Тој на својот Инстсграм профил сподели фотографија од нејзината венчавка на која таа блеска во бел фустан.
– Животот е преполн со моменти.
Некои од нив се тешки, помалку или повеќе, но некои од нив се толку убави, среќни што те оддалечува од тежините на смислата на животниот тек.
Од вчера мојот живот доби друга смисла.
Сестра ми, мојата поддршка, мојата другарка, мојата спаринг партнерка за тренирање на нерви, се венчаше.
Горд сум за нејзе и среќен сум што покрај нејзе добив и брат, нејзиниот животен сопатник Никола.
Да сте ми живи и здрави и од Бога благословени.
Ве сака бато!-напиша тогаш Костадинов.