Нов член во семејството на Перо Антиќ! Поранешниот кошаркар објави фотографија со него, па реши да му го открие и името
Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија има нов член во семесјтвото.
Поранешниот кошаркар на македонската репрезентација Перо Антиќ е првиот и засега единствениот кошаркар што играл за НБА лигата и две години го носел дресот на Аталанта Хокс.
Многу млад почнал да игра кошарка заедно со неговиот брат, а на само 16 години го направил своето деби во првиот тим на клубот. На 17 години, отишол на колеџ во САД.
Својата професионална кариера, Антиќ ја започнал во “КК Работнички” од Скопје во 1999 година.
„Кога почнав да играм кошарка, Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со Македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам. И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, изјави Перо Антиќ.
Перо беше во брак со Ружица Максимовска 13 години и имаат три деца, но сепак тие двајцата одлучија дека најдобро е да се разведат и останаа во добри односи.
Тој е доста активен на социјијалните мрежи, па сега сподели дека имаат и нов член во семесјтвото.
Имено Перо одлучи да вдоми маченче на кое му даде интересно име.
Тој накратките приказни на Инстаграм сподели неколку фотографии и напиша:
„Добродојде Шемса“, а преслаткото маченце љубопитно гледа во камерата.
Перо во интервју за „Репортер“ откри дека после се се чувствува многу среќен, потврди дека има нова љубов и некој крај себе,а потоа објави и фотографија со Катерина Ивановска со која ги потврди чаршиските муабети дека се во врска.
Двајцата заедно се појавија и на концерт на Тамара Тодевска каде Катерина му пееше на Перо и танцуваше на стиховите „еден ден ќе ме молиш ќе ме сонуваш…“.