Нина Јанева со својот бенд често не забавува по кафулињата низ земјава, а кои присуствувал на некој од нејзините настапи сакал пак да биде дел од нив. Пејачката од пред 3 месеци стана мајка на прекрасна ќерка која го носи името Арија. Нина додека беше бремена не застануваше со своите настапи, но и по породувањето таа се врати на музиката. За мајчинството, новата улога и музиката прочитајте повеќе во продолжение од интервјуто….
Нина неодамна стана мајка, како се справуваш во мајчинската улога?
– Можам слободно да кажам дека ова е една од најтешките улоги која среќа со леснотија ја толкувам. Едно од најголемите животни задоволства за мене и за Александар. Овие три месеци учиме нови нешта, но навистина не можам да се пожалам бидејќи Арија е многу мирна и тивка (за разлика од мајка и) :)
Како го избравте името на ќерката?
– Уште од првиот момент кога го сретнав името Arya Stark во Game of Thrones се заљубив во името. Александар веднаш беше согласен бидејќи сака уникатни и необични работи. Имавме две опции, односно да биде Арја како оригиналот, или пак Арија за полесен изговор. На крај Александар се одлучи за Арија.
Што си помисли кога прв пат ја виде ќерката?
– Прво си помислив ,,Би убила за вода, дајте ми вода да пијам,, Хахаха, се шегувам… Првата помисла беше дека личи на татко и …во неверување бев првите месец дена што ми се случува, дека можеш да чувствуваш таква љубов и приврзаност кон едно нешто така мало и кревко… Арија ни е најголемата среќа. Неодамна морав да ја оставам на два дена кај моите родители бидејќи требаше да одиме на фамилијарна прослава во Гевгелија, мислам дека цели два дена досадна си станав себеси повторувајќи колку ми недостига тоа мало, кревко и беспомошно суштество <3
Какво е секојдневието кога до тебе имаш мало бебе? Се сменија ли некој од дневните рутини?
– Дневните рутини се малку видоизменети, со тоа што имаме плус хранење, капење, менување пелени и време за дружење и разговор со Арија… Она што треба да го извршам како обврски дома, состаноци и настапи надвор тече непречено бидејќи имам доста помош од Александар, моите родители и сестра ми и мајка му на Александар. Се вратив на настапите после месец и половина од породувањето бидејќи музиката ми недостигаше, но Арија никако не е запоставена и целото свое време и го посветуваме прво неа, па на се друго.
Наоѓаш ли време за музиката откако се породи?
– Апсолутно. Сите професионални ангажмани кои ги потврдувам со задоволство ги исполнувам.
Што следно може да очекуваме на музички план?
– Засега освен бројните настапи, во дискусија сме со 2ExiT мојот бенд за авторски материјал. Имаме и готов материјал во студиото на Масевски за кој не сме решиле дефинитивно како ќе го промовираме, но за тоа потоа :) Зимава ќе ја посветам на семејството бидејќи овие денови пред Нова Година и Божиќните празници ми се најомилен период во годината, па од пролет ќе размислувам малку повеќе за новитети и авторска музика.