Никој не очекуваше вакво нешто: Огнен Здравковски ја разреши дилемата- откри дали е во врска со неговата колешка Лина

Се огласи Огнен Здравкоски и јавно кажа дали се повеќе од пријатели со неговата колешка Лина.
Дека крвта не е вода и дека талентот за музика се пренесува со генерации е доказ и младиот пејач Огнен Здравковски кого регионот го запозна во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тој во истоименото шоу под менторство на Марија Шерифовиќ стигна до финалето, но она што посебно им го привлече вниманието на неговите обожаватели ширум регионот беше блискоста со неговата колешка Лина Пејовска.
Често на Инстаграм споделуваа заеднички фотографии и си оставаа коментари под објавите што многумина ги наведе да помислат дека двајцата се нешто повеќе од пријатели. Една фотографија особено ги засили гласините дека тие двајцата се во врска откако Огнен на Инстаграм објави фотографија со Лина и напиша „Моја Лина, те сакам“.

Сепак Огнен се огласи на Инстаграм и јасно ја откри вистината.
„Сите што ми пишевте и ме прашувате, да не ви пишувам на секој посебно, а до сите останати (да не дојде до погрешно инфо) ќе објавам вака јавно на стори. Јас и Лина сме само многу блиски другари и колеги и не сме во врска и во љубов“, напиша Здравкоски.

Ова младо русокосо момче порана во музичко семејство. Неговата мајка е познатата оперска пејачка Софија Џорлева, сестра на маестро Зоран Џорлев.
Таа неодамна се натпреваруваше во шоуто „Никогаш не е доцна“, а позната е и како сестра на Зоран Џорлев кој пред нешто повеќе од месец дена го изгуби животот по краткото боледување од вирусот корона.

Огнен Здравковски реши да тргне по чекорите на членовите од неговото семејство, а се прослави во „Ѕвездите на Гранд“.

Тој во ова музичко шоу беше дел од екипата на Шерифовиќ и стига до самото финале во натпреварот.
Марија не криеше дека Огнен е еден од нејзините омилени пејачи во групата, а набргу по натпреварот на сите н стана јасно зошто е тоа така. Имено, Огнен ги оправда очекувањата на својата менторка, а подоцна се спријатели и со Саша Ковачевиќ кој неодамна јавно го поддржа, изјавувајќи дека цврсто верува во неговиот музички талент кој е неприкосновен.

Но Огнен во изминатиов период помина низ тешки моменти. Откако најпрво, уште н почетокот од епидемијата неговата мајка се разболе од вирус корона, пред нешто повеќе од месец дена од истиот вирус се разболе неговиот вујко. Но за разлика од Софија, која успеа да ја победи опаката болеста, животот на Зоран згасна заради последици предизвикани од вирусот. Огнен со него беше многу близок и беше првиот што преку социјалните мрежи ги соопшти тажните вести кога на својот профил на Фејсбук напиша емотивна порака.

И фотографијата на која Огнен како мал свири виолина со неговиот вујко покажува дека од најраното детство бил близок со Џорлев и дека од него научил многу за музиката.

И бидејќи покрај себе имал вакви виртуози, воопшто не се сомневаме дека пред Огнен е блескава музичка кариера.
Младиот пејач во изминатиов период објави неколку генијални синглови, а неодамна изјави дека би сакал да снима дует со Саша Ковачевиќ.

