Никој не веруваше дека ќе го направи ова – Меган Маркл ги разочара обожавателите!
Обожавателите и замерија на Меган заради ова
Имено, најголемата ѕвезда од британското кралско семејство го предизвикува вниманието на јавноста, која од почетокот будно го следи секој нејзин чекор. Но на едно од последните појавувања се случи и еден мал инцидент поради кој многумина и замерија на војвотката од Сасекс.
Таа беше на посета на локален пазар во Фиџи, а и покрај тоа што таму требаше да помине 20 минути, локалното обезбедување ја тргнало само по шест бидејќи според нивна процена, преголем број луѓе дошле да ја видат, и преставувале потенцијална опасност за неа.
На видеото што се појави во јавноста се гледа како шефицата на нејзиното обезбедување доаѓа со останатите помошници до убавата војвотка и објаснува дека мора веднаш да тргне со нив, за да не се случи нешто лошо.
Обожавателите и замерија на Меган Маркл поради ова бидејќи како што може да се прочита на социјалните мрежи никој не сакал да ја загрози нејзината безбедност. Имено, присутните останале разочарани бидејќи ја испуштија шансата да поразговараат со неа.
Но и покрај овој инцидент нејзината модна комбинација повторно не помине незабележано. Имено, таа за оваа пригода носеше шарен фустан од брендот „Figue Love“ и истиот ден внимание привлече и принцот Хари кој се појави во едно за него несекојдневно издание.