Никогаш не се откажала: Жена положила за возачка по 960 обиди – потрошила 13.000 евра

Една жена порошила 11.000 фунти за да добие возачка дозвола, а вотоа успеала после 960 обиди, а нејзината приказна го обиколи светот.

Приказната на Ча Са-Сун беше повторно споделена на Reddit, каде што привлече внимание поради нејзината истрајност во добивањето на возачката дозвола.
Првиот обид да го положи писмениот тест го направила во април 2005 година, но за жал не бил успешен. Сепак, Јужнокорејката не се откажала и продолжила да го полага повторно додека не го положлаи, полагајќи го испитот секој ден, пет дена во неделата во текот на три години.
Ча Са-сун морала да го полага тој тест 10 пати, а паричната сума која морала да ја плати била околу 12.500 евра (11.000 фунти), според извештаите, но сепак, таа не се откажала и покрај трошоците, бидејќи воачката и била потребна поради нејзиниот бизнис со зеленчук.
Според инструкторот за возење на Ча Са-Сун, кога таа конечно положила, се симнал „голем товар“ од нивниот грб.

Инструкторката од автошколата Јеонбук рекла:„Кога конечно ја доби дозволата, сите излеговме навивајќи и ја прегрнавме, а ѝ дадовме и цвеќе“.
„Се чувствувавме како огромен товар да ни падна од грб. Немавме храброст да и кажеме да се откаже бидејќи постојано се појавуваше“.
Приказната на Ча Са-Сун се појави во медиумите ширум светот, поради нејзината истрајност, правејќи ја национална славна личност.
Дури и беше подарено сосема ново возило во вредност од 13.000 евра (11.640 фунти) од јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai.
Нејзината приказна неодамна повторно се појавува на Reddit, поттикнувајќи ги луѓето да ги споделат своите размислувања за нејзината истрајност.
