Најпознатиот турски пар, Бурак Озчивит и Фахрије Евџен, во април оваа година се остварија во улога на родители.
Фахрије се породи во позната приватна болница во Истанбул кога го роди нивниот син Каран. Бурак цело време бил присутен во болницата заедно со нејзините родители.
По породувањето тие ретко се појавуваа во јавност, а деновиве турските медиуми објавија папарацо фотографии на кои се гледа како познатиот пар ужива во базен. Фотографиите се направени во Бодрум каде Неџла и Бали-бег решија да се одморат, а од нив најмногу внимание привлекоа оние на кои се гледа новопечената мама во костим за капење.
Имено, на нив Фахрије е поприлично поправена, што е сосема разбирливо бидејќи пред само неколку месеци се породи.
Токму и затоа фановите на Фахрије застанаа во нејзина одбрана против сите оние што ја критикуваа заради вишокот килограми.
Таа во еден момент се облече во црвен комбинезон со долги ракави и му позираше на својот сакан, а нивните вљубени погледи кажуваат повеќе од илјада зборови.