Нема срам од работа: Еве што прави Спасен кога не е на сцена
Нема луксуз и гламур без макотрпна работа.

Спасен покажа како го помина Денот на трудот.
Пејачот на фолк-музика Спасен Силјановски во моментов е еден од најуспешните македонски пејачи, а воедно и еден од најдобрите вокали на музичката сцена.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Долги години напорно работи, а зад себе има многу хитови и успешни концерти.
Со својата песна „Ќе ти дојдам“, преку друштвената мрежа Тик Ток стана познат насекаде во светот.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Важи за голем патриот и секогаш со гордост кажува дека потекнува од кичевското село Поположани.
Најсреќен е токму кога е во родното село, меѓу своите соселани.
Нема проблем да сработи било каква физичка рбот за да заработи.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
На неговите профили на социјалните мрежи може да се видат фотографии на кои ужива во луксуз и глмур, но сетоа тоа е стекнато со многу труд и работа.
Воопшто не се срами да покаже и дека работи на нива.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
На 1 мај, Денот на трудот Спасен покажа дека не е време за седење и одморање, туку за работа.
Ја зема мотиката в раце и почна да копа, а на Фејсбук упати честитка до сите граѓани.