Нема да ви се верува колку потроши Александра Пријовиќ за РОДЕНДЕНСКИОТ подарок на својот сакан (фото)
За некои љубовта нема цена!
Веќе и врапчињата на гранките знаат колку Александра Пријовиќ го сака својот сопруг Филип Живојиновиќ.
Тоа се познава и по тоа што сака да го израдува со скапоцени подароци, што го покажа и за неговиот роденден.
Како што пренесуваат српските медиуми, попуарната фолк пејачка на својот сакан сопруг за роденден му подарила скапоцен часовник од марката „Ролекс“.
Таа не требала да размислува многу време што да избере за подарок за саканиот туку едноставно одлучила да го купи она што најмногу го сака, а тоа секако се скапите часовници.
https://www.instagram.com/p/CEM3Qm1H6j3/
„Бидејќи Филип е многу едноставно момче, и никогаш за своите родендени не правел помпезни забави, Александра се обдува скромната прослава да му ја направи поголема со подарок што ќе го воодушеви. Таа сфати дека само часовник може искрено да го израдува“, вели извор за Ало.рс.
Таа наводно издвоила поголема сума на пари, скокнала до една продавница за часовници и купила модел од најновата колекција. Во прашање е еден од најскапите часовници од овој бренд во вредност од 25.000 евра, открива истиот извор за споменатиот портал.
https://www.instagram.com/p/CCqI5vLBVnp/
https://www.instagram.com/p/CDD2C0aBZoe/
https://www.instagram.com/p/CDLyRcPhRr1/
Филип би можел да купи стан во центарот на градот кога би ги продал сите часовници што ги добил од својата сопруга, заклучи изворот.
Инаку, најстариот син на Боба Живојиновиќ го прослави својот 35 роденден, а за прославата целосно се погрижи неговата убава и позната сопруга.
Таа на социјалните мрежи објави и неколку фотографии од кои можеме да видиме дел од атмосферата за прославата.
Таа ја сними масата со декорација, сините и сребрените балони во облик на бројот 35, како и бројните дрангулии и колачиња што беа на масата.
Таа на денот на роденденот објави и заедничка фотографија и со емотивна порака му го честиташе роденденот.
https://www.instagram.com/p/CEEgJuLHvII/
„Среќен роденден на најдобриот татко. Те сакаме Александар и јас“, напиша познатата пејачка на Инстаграм.