Невидена трaгaдиja: Загинаа 10 гости на свадба – голем ден заврши трaгичнo
Гостите на една свадба на социјалните мрежи споделуваа фотографии од млад пар кој ја прославува својата свадба неколку часа пред ужасната автобуска несреќа која се случила после свадбата, додека гостите си оделе дома и во која загинале 10 лица. на пат кон дома од свадбата во која загинаа 10 луѓе.
Медлин Едсел и Мичел Гафни се венчаа на имотот Вандин во долината Хантер во неделата попладнето.
Само неколку часа подоцна, 10 нивни гости трагично загинале во автобусот со кој патувале. 21 лице кои патувале со истиот автобус се лекуваат во болниците ширум земјата.
Еден пациент е во критична состојба, додека останатите се стабилни, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс. „Денес е ден да се прегрне некој што го сакате и да се потсети колку е скапоцен животот“, рече тој.
Двојката се венчаше на понтонот со поглед на езеро додека сонцето заоѓаше.
Фотографиите кои беа споделени на социјалните мрежи пред трагедијата покажуваат како младенците ја сечат својата торта додека во позадина свири бенд во живо.
По завршувањето на церемонијата во 23:30 часот, автобус со 39 патници тргнал од местото на свадбата кон местото каде што престојувале патници, но се случила сообраќајна несреќа.
Во моментот на несреќата областа била покриена со густа магла.
Локален жител кој во близина на местото на несреќата рекол дека шест хеликоптери слетале на празен блок земјиште во близина и поставиле тријажа.
Компанијата која управува со автобусот, Linq Bus Lines, работи повеќе од 30 години и сите автобуси се целосно опремени со безбедносни појаси.
Се претпоставува дека меѓу повредените има и членови на фудбалскиот клуб во кој членува и младоженецот.
Возачот на автобусот, 58-годишен маж, бил пренесен во болница под полициско обезбедување на проценка. Тој во моментов е приведен во полициската станица во Цеснок и полицијата вели дека обвинението е во тек.
Полицијата соопшти дека 11 патници првично морале да бидат префрлени со хеликоптер или со брза помош во болница, додека 25 други биле итно пренесени во болница со различни повреди по една од најсмртоносните сообраќајни несреќи во Австралија во последните децении.
Тие првично биле префрлени во болницата Џон Хантер, но многумина сега се пренесени во Сиднеј на дополнителна нега.
Некои од стабилните жртви во болниците низ државата веќе дале изјава за инспекторите, кои работат на утврдување на точната причина на несреќата.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин