Неверојатна сличност: синот на Лукас е копија на својот татко – ќе се фрапирате кога ќе видите колку личат еден на друг!

Познатиот српски пејач Аца Лукас (51) објави убави вести заради кои има причина да слави во кругот на семејството.
Неговиот син Лазар Вуксановиќ (25) слави роденден, а татко му преку социјалните мрежи му посака сé најубаво во животот. Сепак, она што прво го забележаа фановите е дека Лазар изгледа како пресликан од татко му, па се редеа бројни коментари дека тој е негова верна копија.
„Среќен роденден, сине“, напиша популарниот пејач, а многумина кои не знаеја како тој изгледа беа изненадени кога забележаа колку личат еден на друг.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Дамир Дервишагиќ
Инаку, постариот наследник на славниот фолкер сам сака да заработува пари, па затоа почна да работи како таксист.
Фото: Никола Томиќ
Фото: АТА
Тој неодамна беше на разговор за работа бидејќи сака сам да заработува пари и да не зависи од својот познат татко.
Оваа информација за „Телеграф Џетсет“ ја потврди и самиот Лукас, на кого не му беше баш најјасно зошто толку ги интересира другите со што ќе се занимава неговиот син, па тоа го прокоментира со следново.
„Мојот син не е Индијанец, од татко пејач, кој ќе се ку*чи со татковото име. Мојот син е нормално дете. Синот од Аца Лукас бара работа? Па, секако дека бара работа, не сака да седи дома и да ‘џаболебари’ и да се фотографира за весници. Мојот син ќе работи во КарГо. Има ли некаков проблем заради тоа?“, изјави Лукас за гореспоменатиот медиум.
https://www.instagram.com/p/BTi4wh4Fc79/
https://www.instagram.com/p/BI8PGXYAfbH/
https://www.instagram.com/p/BE5vIj5AlqT/
А еве и што тој зборуваше порано за своите деца:
„Никогаш не сакав да имаат протекции во животот само затоа што се мои деца. Ги учев дека мораат да го заслужат она што го добиле.
„Секако дека секогаш сум можел да им овозможам да имаат сé, но што би добил јас со тоа? Со 30 години ништо не би работеле и би живееле во мојата гајба. Им дадов насоки и секогаш сум тука да им помогнам, но не да им дадам сé на тацна“, зборуваше познатиот пејач своевремено.