Неверојатен скандал што го шокираше целиот Балкан – познатите сестри фолкерки се тепаат сред улица, мајката не може да ги раздвои
Сестрите пејачки Едита и Индира Инди Арадиновиќ се степаа сред улица…
На снимката што заврши во јавноста може да се види како тие се тегнат и влечат по улицата, пред минувачите, разменуваат бокcови и викаат една на друга.
Пејачките и сестри Едита и Индира Инди Арадиновиќ сериозно си ги измерија силите, а целиот настан беше снимен со мобилен. Нивното недоразбирање ескалираше и заврши со тeпачка сред бел ден, додека еден случаен минувач се обидуваше да ги раздели.
На снимката што заври во јавноста, а беше објавена на „Информер.рс“, може да се види како тие се тегнат и влечат по улицата, разменуваат бокcови и викаат една на друга.
Едита во еден момент и викаше на Инди да и го даде телефонот, додека нејзината сестра истиот и го фрли неколку метри подалеку.
Тие потоа продолжија да се туркаат, кога се вмеша и нивната мајка која се обиде да ја смири ситуацијата.
Тогаш Едита замина кон станот, додека Инди влезе во автомобилот во кој претходно ја остави својата бунда.
Познато е дека сестрите и порано не биле во добри односи, но според нивните изјави во медиумите тие наводно се смириле.
Видеото што заврши на интернет покажа дека ситуацијата воопшто не е розова и ги шокираше нивните фанови.
Пејачката Индира Инди Арадиновиќ се огласи по снимката на која се тепа со својата сестра Едита која што заврши во јавноста.
Имено, таа откри во каков однос е со неа, а се осврна и на споменатата снимка.
Еве што изјави таа за медиумите:
„Немам коментар во врска со снимката што е објавена, со Едита сум во доличен однос, изјави таа за Информер“.
Погледнете дел од скандалозната снимка:
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Информер
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Информер
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Информер
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Информер