Наши ѕвезди

„Не сонувам да се омажам и да имам деца“- нашата позната водителка се исповеда на социјалните мрежи

Advertisement

Многумина ја препознаваат од ТВ екраните, а сега откри која е нејзината животна желба.

Advertisement

Јелена Спенџарска важи за една од најубавите и најзгодни македонски водителки, а сега на Инстаграм поискрена од било кога откри дека нејзина најголема желба е да биде финансиски независна и да го прошета светот.

Во објавата на Инстаграм таа вели дека не сонува да се омажи или да има деца што побрзо, иако вели дека доколку дојде спонтано би било убаво.

„Не сонувам дека треба да се омажам. . или да имам деца што побрзо. Мислам, се е тоа убаво ако ми се случи спонтано и во свое време ама моментално не е мојата животна желба.

Advertisement

Повеќе посакувам да бидам финансиски независна и да можам да го прошетам светот. Да ја изрентам секоја куќа која ќе ми се допадне и да живеам во неа сè додека ми е убаво таму.

Не сонувам ни за венчаница! Никогаш ја немам ни замислено како ќе изгледа или како ќе стои на мене. Можеби повеќе се имам замислено во комбинации кои ќе ги носам кога сум опкружена и работам со деловни луѓе кои мотивираат со своите бизнис идеи и ја живеат својата финансиска слобода!“ вели Спенџарска.

ФОТО: Јелена Спенџарска/ Инстаграм

Таа додава дека нејзините соништа се само нејзини и не очекува другите да имаат исти како нејзините.

„Генерално, не сонувам за ништо за кое ме научиле дека треба да сонувам. Моите соништа се само мои. Не ни очекувам другите да имаат исти како моите и веќе ми е смачено да гледам како на жените им се продаваат една те иста приказна.

Не има толку многу жени, има толку многу соништа за секоја од нас … време е да престанеме да сонуваме еден ист!!!“ пишува Спенџарска на својот Инстаграм профил.

НАСЛОВ: „Не сонувам да се омажам и да имам деца“- нашата позната водителка се исповеда на социјалните мрежи

Таа е често активна на социјалните мрежи па во последно време често многу често не воодушевува со своите модни комбинации.

Јелена умее да си поигра со боите и секогаш да извлече совршена и шик комбинација.

ФОТО: Јеленас Спенџарска /Инстаграм

Водителката знае да ги почести фановите и со фотографии во бикини, но и по некоја фотографија која ја „скокотка“ машката фантазија.

Јелена минатата година доби виза за во Америка за која тогаш напиша дека е земја од нејзините соништа.

Спенџарска на својот профил на Инстаграм сподели информација дека конечно добила виза за Америка и дека наскоро планира да ја посети оваа земја. Судејќи според нејзината фотографија, а и коментарот што го остави под неа, убавата водителка е пресреќна што наскоро ќе има можност да се прошета и да ја посети Америка, а ние со нетрпение ги чекаме нејзините први фотографии.

ФОТО: Јеленас Спенџарска /Инстаграм

Еве што напиша таа на Инстаграм:

„Никогаш не сум била во Америка, не зашто не сум сакала, туку едноставно чувствував во себе дека не ми е вистинското време за таму. Не знам како конкретно да ви го објаснам ова. Нешто ми кажуваше да почекам зашто денот кога ќе стапнам таму ќе биде буквално остварување на сè што претходно си имам замислено за себе и својот живот.

Чекав многу години и слушав разни ваши приказни каде сте биле, како сте поминале, што сте виделе и доживеале и никогаш не бев нестрплива и никогаш не се запрашав кога ли е моето време. Никогаш. Само знаев дека ќе дојде.

Бев на интервју кај една толку прекрасна госпоѓа во амбасада која со насмевка ме праша неколку прашања поврзани со моето патување таму.

Не поминаа ни пет минути, а јас веќе слушнав од неа – Enjoy your stay!

Така се насмеав од срце, излегов од просторијата и тие отприлика сто скали до другата просторија кај што ми беа личните работи ги поминав со солзи во очите. Надвор истураше, а мене ми беше преубаво. Немате појма колку бев возбудена и колку му бев благодарна на животот за тоа мало зелено ливче кое го имав во рацете на кое пишуваше visa approved!

ФОТО: Јеленас Спенџарска /Инстаграм

Знам дека сега ќе си речете – ’Еее голема работа добила виза‘, но не е баш така. Јас емотивно сум врзана за оваа виза и таа е голем, голем дел од мојата душа и уште поголем зашто се случува во вистинско време кога во мојот живот се случуваат големи трансформации.

Не се селам, да се разбереме, одам малку да прошетам и да одморам. Уште поинтересно е што тој одмор ќе биде на океан, во бикини практично уште еден сон кој ми се остварува од години нананзад. Одиме со сестра ми и Љубљана во недела наутро.

ФОТО: Јеленас Спенџарска /Инстаграм

Ќе биде забавно долгото патување со малата со оглед што се ја интересира и се сака да види и да фати Имам толку многу да напишам, но би сакала да скратам.

Само сакам да знаете: – Можеш да бидеш СЕ што ќе посакаш! – Можеш да имаш СЕ што ќе посакаш! – СЕ во животот е возможно!

California, here we come“ напиша тогаш Јелена.

Во продолжение погледнете уште неколку нејзини шик изданија за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.

Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
ФОТО: Јеленас Спенџарска /Инстаграм
ФОТО: Јеленас Спенџарска /Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button