Не само што НЕ се разведуваат, туку и љубовта им цвета! Бекамовци прославија 19 години брак и ставија крај на трачевите!
Познатата британска дизајнерка објави фотографија на Инстаграм и со неколку зборови стави точка на шпекулациите за наводната брачна криза.
Имено, еден од најпопуларните парови на светот Дејвид и Викторија Бекам прославија 19 години од нивниот брак. По овој повод, Викторија објави заедничка фотографија на Инстаграм на која се држат за раце и напиша кратко и јасно. „19 години. Многу те сакам!“
https://www.instagram.com/p/Bk0wvHaF-yq/?utm_source=ig_embed
Истата фотографија ја објави и Дејвид, со пораката: „19 години.. вау. Среќна годишница на најневеројатната сопруга и мајка. Те сакам!“
Со овој потег славниот пар стави точка на шпекулациите дека нивниот брак е во криза и на озборувањата дека се уште се во брак само поради големиот имот и империјата за која нивниот развод би бил фатален.