Наши ѕвезди

„Не планирам да се мажам по трет пат, но сакам да родам ќерка“ – Емина Јаховиќ отворено за нејзината љубов со турскиот милионер

Advertisement

Емина Јаховиќ одлучи да позборува за деталите од нејзината врска со милионерот Садетин Саран, но на почетокот истакна дека не му било лесно да ја освои.

Advertisement

Емина оваа година стави крај на десетгодишниот брак со својот турски колега, Мустафа Сандал, а пред неколку месеци ја започна и романсата со милијардерот Садетин Саран кој е 18 години постар од неа. Неодамна во турските медиуми се појавија и гласини дека убавата Босанка наскоро планира повторно да застане на „лудиот камен”, по трет пат .

Емина одлучи да разговара за деталите на врски со Садетин,па на почетокот истакна дека не било лесно да ја придобие за себе. „Мене навистина тешко може некој да ме освои. Имав многу малку врски во животот и со мене може да биде само човек кој ме сака и почитува – рече Емина и откри зошто донела одлука дека, и ако помеѓу нив може сé да биде во ред, со Саран сепак нема да застане пред олтар.

Advertisement

„Не размислувам за брак. Повеќе нема да се мажам. Зошто една жена која се остварила како мајка и поминала низ развод повторно би му кажала некому “Да”? Заради што? – рече Емина, а пренесе „Story”, додавајќи дека во моментот има само една голема желба.

„Отсекогаш сум сакала да родам ќерка и оваа желба се уште тлее во мене. Можеби еден ден ќе усвојам девојче кога ќе ги реализирам моите деловни амбиции. Имам доволно љубов во себе за еден таков чекор – заклучи пејачката, која на 17 години влезе во брак со извесен Аладин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button