Не може да разбере зошто никој не сака да си игра со него во паркот – разочараниот ротвајлер што се гушка со сопственичката
Ротвајлерот е хит на социјалните мрежи
„Тој не разбира зошто луѓето го игнорираат“: Видеото од разочаран ротвајлер кој ја гушка својата сопственичка и бара утеха затоа што никој не го гали во паркот стана вирално
Сопственичката на двегодишниот ротвајлер Аксел објави видео на TikTok @nala_the_needy_rottie кое веднаш стана вирално. На видеото се гледа како Аксел ја гушка и бара утеха бидејќи никој не сакал да го погали во паркот, а тој не разбира зошто.
Разочараниот Аксел ја потпира шепата на градите на неговата сопственичка и ја пика муцката во нејзиниот врат на видеото, кое е прегледано повеќе од 7,2 милиони пати.
Видеото доби илјадници коментари, а многу обожаватели на расата Ротвајлер напишаа дека веднаш ќе го погалат Аксел доколку налетаат на него.
„Сакам буквално да дојдам преку телефонот и да го гушкам“, напиша еден обожавател.
„Се колнам, доколку те видам надвор би заплакал. Многу ги сакам ротвајлерите“, вели друг. „Тие се најголемите срциња“.
Друг забележува дека Аксел „изгледа толку длабоко вознемирен“.
Многумина, пак, се среќни бидејќи ротвајлерот има прекрасна сопственичка.
„Тој си ја има својата мајка, тоа е сè што му треба“, вели еден гледач, пишува „Дејли меил“.
„Тоа е затоа што е голем и убав“, додаде друг. „Си има мајка која го сака … ниту моите четири крзнени бебиња не разбираат, но јас ги сакам најмногу на цел свет“.
Инаку, налогот на TikTok @nala_the_needy_rottie, има повеќе од 1,3 милиони следбеници благодарение на преслатките клипови од Аксел и неговата сестра Нала.
Овие двајца разиграни и весели ротвајлери веднаш ќе ви ги освојат срцата!
Ротвајлерите по природа се кучиња чувари и можат да бидат многу агресивни кон непознати лица, но тие се вистински домашни миленици доколку правилно се чуваат и воспитуваат. Сопственичката на Аксел и Нала на видеата постојано покажува колку овие кучиња можат да бидат умни, приврзани и лојални. Во коментарите вели дека нејзиниот Аксел е „мече“.
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок