Реклама
Вирално

Не е тешко да го спакувате куферот и да заминете во Германија, па и со македонски пасош – но дали се исплаќа да го направите тоа?

Реклама

Еве колкави им се платите на Македонците што работат во Германија, но и како да аплицирате за работа во оваа земја.

Неодамна Заводот за вработување во Германија објави колку изнесуваат просечните бруто плати во минатата година за најпопуларните 100 занимања.

Маркетинг

Според оваа статистика во германија најплатени се пилотите, кои заработуваат повеќе од 6150 евра месечно, колку што се платени и докторите и ревизорот.

За најголем износ на заработка следуваат градежните и електро-техничките инженери со околу 5246 евра, односно 5934 евра, додека најниско платени се продавачите во пекарите, фризерите и рецепционерите, со месечна заработка од околу 1600 до 1900 евра. Според ваквиот попис една медицинска сестра на геријатрија минатата година заработувала околу 3032 евра, лекарите 6150, архитектите 4087, а пекарите 3502 евра. Медицински асистент имал заработка од околу 2448 евра бруто плата, оптичар 2448, продавач на бели печива 1839, рецепционер 1807, фризер 1684 евра, а келнери 1934 евра.

Маркетинг

Учител во основно училиште има просечна заработка од 4318 евра, професор во средна школа 5488 додека ѕидар заработува 3214 евра. Машински инженер е платен 5652, медицински техничар лаборант 3456, болничар во Брза помош 3404 евра, а физиотерапевт 2513 евра.

Инструктори за возење имале плата од околу 2837 евра бруто месечно, возач виљушкар 2687 евра, водоинсталатер 3056, а чистачи на згради 2080 евра. Графички дизајнер во Германија минатата година просечно заработувал околу 3322 евра, домар 2889 евра додека за помош во куќа се заработувале околу 2140 евра, објави Заводот за вработување на Германија.

Германија VS Македонија

Во Германија инаку живеат голем број Македонци кои најчесто работат во секторите угостителство, транспорт, медицина и градежништво. Секако дека има и многу ИТ инженери, како и други високо квалификувани работници, но тие во просек се многу помалку отколку во другите дејности.

Според истите податоци најголема заработка минатата година во просек биле во Аутоштад Фолфсбург и изнесувале 5089 евра месечно, а потоа следувале баварските градови Инголштат со 5004 и Ерланген со 4907 евра.

Според градови во Хамбург просечните плати изнесувале 3820 евра, што е за 400 евра повеќе од просекот во Германија генерално. Во споредба со Македонија, таа е речиси 10 пати повисока.

Инаку, сшоред овие податои заработките се уште се значително пониски во окрузите и градовите во Источна Германија во однос на западниот дел.

Колку работи Македонецот во Германија, а колку во Македонија?

Во текот на животот работиме 31,5 година, или 6,5 години пократко од Германците. Ова е во согласност со истражувањето на Евростат за 2019 година.

Македонија лани била речиси на дното на списокот што ја покажува должината на работниот век во европските земји.

Во нашата земја се работи многу пократко отколку во развиените европски земји.

Просечната должина на работниот век во Бугарија е 33,1 година, во Грција 32,9 години, во Србија е 33 години, а во Турција 29,4 години.

Во Црна Гора, мажите работеле во просек 35,4 години, а жените 28,3 години. Во Хрватска мажите работеле во просек 34,2 години, а жените 30,5 години. Во Италија, мажите работеле 36,4 години, а жените работеле во просек 27 години.

Лидер во Европа според Евростад за 2019 година е Исланд, каде што просечниот работен век е 46,3 години, потоа следуваат Швајцарија каде што просечниот работен век е 42,7 години.

Зад нив е Шведска каде што просечниот работен век трае 41,9 години.

Германија на годишно ниво ќе прима по 25.000 работници од Западен Балкан.

Ова го изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер кој вели дека германската имиграциска политика кон Западен Балкан се покажала функционална во претходните пет години. Тој истовремено најави дека германската Влада утре ќе разгледува продолжување на овој аранжман, кој истекува кон крајот на годинава.

„Постоечките правила за Западен Балкан го издржаа тестот на времето. Во ноември 2015 година договорено е предусловот за влез во германија да биде постоечкиот договор за труд“, вели министерот Зехофер.

Федералните агенции за вработување во Германија оценуваат дека овој систем добро функционира, а злоупотребата е многу мала, пишуваат германските медиуми.

rabota1

Неколку совети за аплицирање доколку барате работа во Германија

Во Германија, апликантите често пати грешат за исти работи. Еве неколку совети како да го направите следниот чекор во процесот на вработување, а кои шо ги преземавме од германскиот сајт Дојче Веле.

Аплицирајте за реалистични работни места

Прочитајте го описот на работното место и бидете сигурни дека ви одговара. Доколку тукушто излегувате од училиште, немојте да аплицирате за директорско место. Но, истовремено не бидете премногу скромни.

Компаниите често добиваат огромен број апликации и посветуваат едвај 5 минути за секој кандидат. Доколку веднаш не увидат дека одговарате, Вашата апликација ќе заврши во одбиените.

Да испраќате нецелосни апликации

Бидете сигурни дека испраќате се што е потребно за огласот. Секогаш нека ви бидат подготвени документите, за да не пребарувате во последен момент. Најчесто ќе ви требаат Биографија, Мотивациско писмо, препораки и ПДФ копии на дипломите, како и други документи кои ја докажуваат Вашата квалификација.

Држете се до стандардот

Иако креативноста е често добар квалитет, треба да водите сметка за некои германски стандарди во апликацијата, на пример: датум на раѓање, брачен статус – и најконтроверзно – Ваша фотографија.

Тоа е традиција во Германија. Повеќе не е неопходно, но комисиите сакаат да ја видат, макар и само за да им помогне да ги запаметат кандидатите.

Испраќање до непознат

Не ја адресирајте апликацијата со „До засегнатите“ или „Драги г-не, дрaга г-ѓо“. Потрошете малку време на истражување на компанијата и пронајдете кој е шеф на човечки ресурси. Тоа покажува иницијатива и интерес.

Пребарајте на интернет страницата на компанијата или на социјалните мрежи за да знаете кому да се обратите. Не заборавајте да ја наведете и адресата на компанијата на писмото.

Проверете

Ова е нешто што оние кои регрутираат постојано го потенцираат- лекторирајте! Лесно е, бесплатно и не одзема многу време.

За некои оддели едноставните јазични грешки се крај. Други имаат повеќе разбирање, но сепак остава многу лош впечаток, особено ако другите апликанти се потрудиле нивната апликација да биде безгрешна.

Побарајте помош

Побарајте помош или совет, особено доколку не сте од Германија и не ви е мајчин јазик. Нека препрочитаат и нека ви сугерираат идеи. Дури и доколку Биографијата ви е на англиски, вашето мотивациско писмо треба да е на германски. Работодавачите веројатно ќе сфатат дека некој ви помогнал, но ќе знаат и дека ви било важно да се претставите во најдобро светло.

Да биде автентично

Лажење во апликацијата е лоша идеја. Бидете свои и бидете креативни. На германскиот пазар на трудот сега е далеку понеформално во однос на изгледот. Тетоважи, пирсинг и шорцеви до неодамна беа неприфатливи. Сега дури и полицајците си ги покажуваат тетоважите. Овие добредојдени промени имаат врска со дигитализацијата и недостатокот на квалификувани работници.

Да бидете неконзистентни

Вашето резиме и мотивациското писмо нека бидат конзистентни. Тоа се однесува на форматот, фонтот, јазикот, сѐ. Тоа се првите нешта кои се гледаат и кои оставаат впечаток. Содржината исто така мора да биде конзистентна: датуми, места, настани… не смее да има разлика. Во суштина, подобро е да се испрати повеќе одошто помалку. Но, истовремено, не претерувајте со текст од 30 страници!

ФОТО: vision.org.au

Внимавајте што постирате онлајн

Ова е важна животна лекција која многумина се уште ја игнорираат кога постираат пијани фотографии или неприкладни нешта. Замислете што ќе помисли идниот шеф за Вас? Дополнително, вашите социјални профили треба да бидат ажурирани и да покажуваат позитивен имиџ на прикладен кандидат за работното место кое се бара.

Извор: Гламур, Дојче веле

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button