Најсреќен е кога се заедно – еве како изгледа семејството на Спасен Силјановски, пејачот ужива во секој момент со нив!
Еден од најбараните фолк пејачи во земјава покажа како го поминува времето со своето семејство.
Спасен Силјановски во моментов е еден од најбараните пејачи кој од мали нозе ја негува традиционалната македонската песна и музика.
Тој е доста активен и на социјалните мрежи, каде често споделува и фотографии преку кои споделува и дел од својата приватност.
Овојпат тој заедно со својата прекрасна сопруга Ана, двете деца и нивниот Шарпланинец Оскар заминаа на планина и чист воздух, па сподели дел од нивните „снежни лудории“.
Нема сомнеж дека сите уживаа во снежната идила, но се чини дека нивното милениче најмногу уживаше играјќи се со сите.
Задоволно трчаше и се галеше со преслатката Мила, но и со Спасен и Ана.
Инаку Спасен потекнува од с. Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.
Спасен важи за посветен сопруг и татко, но посебно е приврзан и со неговата мајка Јагода која ги пишува текстовите за неговите песни.
Најгледана и најпопуларна снимка на Јутјуб е неговата песна „Мајка“, песна која неговата мајка ја има напишано за друг пејач. Оваа снимка набрзо доби многу прегледи. На пејачот кој не можејќи да ги задржи емоциите додека ја пееше песната, од почетокот до крајот на изведбата му течеа солзи.
„Ќе ми простите што ја пејам со треперлив глас но емоциите си го прават своето … Оваа песна мислам дека е една од најемотивните и најубавите која ја имаме создадено со мојата мајка … за жал не беше ксмет да извадам јас студиска снимка. Прв пат ја изведувам во живо во емисијата „Имат Немат“ во придружба на група Чардак …
„Ви ја посветувам на сите вас драги пријатели и љубители на Македонската музика, на сите вас кои знаете што значи зборот МАЈКА,а посебно за мојот драг другар Bosko Karadakoski“, напиша тој во една прилика на Фејсбук.