Најсимпатичното кафуле на целиот Балкан – во него работат само ПРЕКРАСНИ МЛАДИ ЛИЦА со пречки во развојот
Ова место дефинитивно е нешто посебно…
Кафулето „Звуци срца“ во Белград е посебно место затоа што во него работат млади луѓе со посебни потреби.
Кафулето се наоѓа во населбата Врачар, а го има отворено хуманитарната организација „Детско срце“.
Цената на кафето и останатите пијалаци не се фиксно одредени, па гостите можат да дадат колку што сакаат во кутијата во облик на срце.
Кафето е преубаво и превкусно, дали е од него или до позитивната енергија и љубовта со кое е направено – не знам. Но ако случајно се најдете во Врачар наминете и кажете им на луѓето дека постои ова место, порачуваат на социјалните мрежи оние што веќе го посетиле ова место.
Ваквиот работен центар е единствен во Србија. Со неговото отворање овозможивме на лицата со пречки во развој сами да ги разбијат предрасудите за себе и да им покажат на другите дека не се проблем на заедницата, туку се нејзини активни членови, порачуваат од „Задругата“ за најхуманото кафуле во регионот.
Тие веќе се во процес на отворање на уште едно вакво место и во него исто така ќе работат лица со пречки во развојот.
Вработените во ова место се чувствуваат добро и корисно, како и гостите кои уживаат во разговорот покрај пријатна музика, додека зимно време работи и каминот кој дава посебна атмосфера во целиот простор. Лицата со посебни потреби тука работат како келнери, шанкери, а постои и работен центар во склоп на просторот во кој учат да шијат, да печатат на маици, шолји, беџови. Имаат и продавница каде што се наоѓаат сите работи што сами ги направиле, кои навистина изгледаат симпатично, а можат и да се порачаат.
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца
Фото: Инстаграм/ Звуци срца