Најпознатите близначки од Македонија слават роденден – еве колку години наполнија
Најпознатите близначки од Македонија слават роденден, честитки пристигнуваат од сите страни.

Маријана со емотивна посвета ѝ го честиташе роденденот на својата сестра, па ја расплака.
Маријана и Росана беа вистинско освежување за македонската музичка сцена, која отогаш немала близначки-пејачки.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Веднаш ја освоиле публиката со својот глас.
Тие ги испеаја безвременските хитови „Признавам“, „Едно срце имам“, „Око мое“…
4
ФОТО: Принтскрин
По иселувањето на Маријана од зејава, Росана продолжи со соло кариера.
Маријана заедно со воите деца замина да живее и работи во далечната Австралија, каде е веќе подолго од три децении.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Но, Македонија се сака каде и да сме, па пејачката многу често знае за своја душа да си запее некоја македонска песна и да се сними, па видеото да го сподели со својата публика на социјалните мрежи.
Маријана и Росана се родени на 14 декември 1964 година во Куманово и денека слават роденден.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Пејачките наполнија 59 години, но и оваа година роденденот го прославија разделени.
Маријана сподели нивна заедничка фотографија на Фејсбук и јавно ѝ го честиташе роденденот на војата сестра, но одлучи и да запее.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Таа ја испеа песната „Свири ми брате цигане“, а Росана не можеше да ги задржи емоциите и ѝ напиша:
„Мила моја не се договоривме да ме расплакуваш“.