Најпознатата „плус-сајз“ манекенка ужива во бременоста – го покажа стомачето и ги воодушеви сите мајки (видео)
Преубаво видео со бремената Ешли Греам кое предизвика лавина од позитивни коментари меѓу многуте мајки и бремени жени.
Најпознатата „плус-сајз“ манекенка Ешли Греам ужива во бременоста. Таа пред неколку дена објави фотографија на кој е со својот сопруг Џастин Ервин, а сега горда на тоа што е во блажена состојба, објави видео на кое во центарот на вниманието е нејзиното трудничко стомаче.
„За дремката повеќе нема да расправаме“, напиша манекенката во описот на видеото што го сподели на Инстаграм.
Очигледно е дека ужива во своите труднички денови
Нејзиното видео дефинитивно остави силен впечаток кај многу мајки, кои потполно ја разбраа ситуацијата во која се наоѓа манекенката. Многу и порача да го искористи времето и да се наспие додека се уште може.
„Пред девет години на денешниот ден се омажив за љубовта на мојот живот. Беше тоа најубавото патување со омилената личност на светот. Денес, ние сме благословени, благодарни и возбудени бидејќи славиме проширување на семејството. Среќна годишнина Дејвид, Животот станува уште подобар!“, напиша Ешли кога прв пат ги сподели среќните вести со своите фанови на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/B1WYyJ1Af8m/?utm_source=ig_embed