Нашите дами не се очајни, туку распеани домаќинки – погледнете ги МАРИФЕТЛУЦИТЕ на нашите пејачки со сукалото на Алачки
Македонската пејачка и водителка Адријана Алачки од година во година стекнува се поголема популарност на нејзината емисија „Вкусот на традицијата“.
Домаќинките не трепкаат кога го гледаат нејзиното кулинарско шоу. Вкусните јадења кои ги подготвува никој не оставаат рамнодушен.
Малкумина знаат дека Адријана е всушност стоматолог го професија.
Растела во семејство во кое готвењето и семејните ручеци биле ритуал, па најверојатно сето тоа имало влијание Адријана да стане пример за сите домаќинки.
Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење, токму затоа жените во земјава не пропуштаат ниедна емисија, преку која ќе научат некоаков локален специјалитет. Мора да се признае дека и покрај толку многу подготвени рецепти, Адријана изгледа одлично. Сигурно не е лесно да се одолее на толку вкусна храна, но Алачки по се изгледа одлично се снаоѓа.
Долго време со својата музика ја претставуваше нашата земја во светот, но сега се помалку настапува и ретко имаме можност да ја видиме на сцената.
Адријана се прослави периодот од 1987 до 1994 додека настапуваше во триото составено од неа, Горан Алачки и Ирена Спасовска.
Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.
Дваесет и седум години како повеќе не настапуваат зааедно, а постарата генерација се уште ги памети по нивните хитови.
Ирена и Адријана иако веќе 25 години не настапуваат заедно, се уште се пријателки.
Адријана и Горан беа 25 години во брак, а плод на нивната тогашна љубов се нивните две деца Грациела и Благоја.
Грациела има 28 години и е магистер на економски науки, вработена во „ЦКБ банка“ а Благоја дипломираше на Правниот факултет. Благоја го наследи музичкиот талент од родителите и одлично свири на гитара.
Токму Грациела и Благоја се најголемата причина и мотив на водителката за успех.Емотивната пејачка редовно споделува фотографии со нив и пишува емотивни пораки на социјалните мрежи посветени на нејзините деца. Она што самата го истакна во своите интервјуа е тоа дека нејзиниот син Благоја е подобар мајстор во готвењето, редовно ја изненадува со нови вкусови и дека тој ќе ја земени во кујната.
„Синко, кога беше мал беше едноставно да ги искажам желбите за тебе и остварам.Но на возраста на која си сега желбите од мајката се непроменливи, но се е во твоите раце за нивната реализација. Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе. Биди ми здрав и жив, напиша Алачки, по повод роденденот на нејзиниот син.
Со емотивна честитка, Адријана Алачки ѝ го честиташе 31. роденден на својата ќерка Грациела на својот Фејсбук профил.
„На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував. Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано.
Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно. Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек.
И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика..и тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена..“, напиша Алачки за својата ќерка.
Освен нив, тука е и нејзината внука Јана, со која водителката обожава да го поминува слободното време.
„Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест.
Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба. За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и кај вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба“, изјави таа во интервју за Женски магазин.
Се чини дека водителката освен пред малите екрани, одлична домаќинка е и по дома.
Алачки не испушти да покаже и дека нема проблем да подготвува зимница, па ги засука ракавите и си направи зимница за семејството.
Пејачката се потруди нејзините најмили за време на претстојните студени денови да можат да уживаат во домашен ајвар, туршија и сите останати потребштини.
Но, она што изненади беше тоа што гости во нејзината емисија две популарни македонски пејачки кои ги покажаа своите кулинарски способности. Кој би рекол дека на македонската музичка сцена, жените освен што одлично изгледаат, прекрасно пејат, ама се и неверојатни домаќинки, кои знаат и да скукаат кога е потребно.
Вики Среброва, Бади Бекир и Ани Малинкова, прво направија домашна пилешка супа со сукани селски јуфки, па печено пиле со селски компири под вршник, дополнето со зимски сезонски салати кисела зелка, туршија и корнишони, а на крај залиено со македонско црно вино и пита подготвена од вештите раце на пејачките.
Рецепти од кои на човек му доаѓаат лиги.
Погледнете: