Нашата позната фолкерка заврши во болница – и се слошило по вакцинацијата, фановите загрижени за нејзиното здравје
Македонската фолкерка која е во моментот една од најбараните во земјава по втор пат позитивна на коронавирусот.
Убавата и згодна Сања Сани Гроздановска веќе еднаш го прележа Ковид 19, но помина во домашни услови, а овојпат таа морала да биде примена во болница.
Имено фолкерката пред неколку дена решила да се вакцинира, па само еден ден по примената прва доза почуствувала дека нешто не е во ред и веднаш отишла на лекар.
Веќе наредниот ден се тестирала и тестот покажал дека Сани е позитивна на коронавирусот, пренесува магазинот „Естрада плус“.
Поради влошената состојба фолкерката завршила во болница од каде вчера објави и фотографија.
Објавената фотографија ја дополни со песна „ќе ми поминеш“ од српската пејачка Милица Тодоровиќ, искрено се надеваме дека ќе помине и тоа што побрзо.
На фотографијата самата пејачка изгледа по малку исцрпена, но сепак добро.
Таа се пофали дека има другарки кои мислат на неа и ја изненадиле со овошен сок и голема чоколада.
Искрено и посакуваме што побрзо закрепнување!
Познатата фолк пејачка Сани Гроздановска важи за една од најдобрите македонски фолк пејачки, а нејзиниот стил со тек на време значително се промени.
Таа ги следи трендовите кои на интересен начин ги вклопува во својот моден вкус, а со она што ќе го избере знае како да го привлече вниманието на јавноста.
Во продолжение погледнете уште неколку нејзини шик модни изданија кои никого нема да остават рамнодушен.