Нашата позната пејачка сподели ПРЕКРАСНА вест- го открија полот на бебето кое го очекува
Познатата пејачка сподели прекрасни вести!
Таа неодамна соопшти дека е бремена по вторпат, а сега го соопшти и полот на бебето кое го очекуваат.
Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар по теркот на светските ѕвезди направија мала забава по повод откривање на полот на бебето.
Заедно со нивната ќерка Илина ја отворија огромната кутија во која претходно беа сместени балони, па сите заедно беа пресреќни кога ги забележаа сините балони, што значи дека малата Илина ќе добие братче.
Тројцата насмеани се прегрнаа, а мама Сара и Илина танцуваа од среќа.
„Братче“ напиша Сара, па додаде дека направиле пренатален скрининг тест за откривање на полот, но и здравјето на бебето.
-Полот според мене е најмалку важната работа што ќе ја дознаете со тестот, (иако е забавно и слатко), но поважно е здравјето на вашето бебе и шансата да си допуштите спокојна бременост во која ќе уживате без многу да се грижите и да си поставувате разни прашања … Што би рекле народно „Да ми е мирна главата“
Секоја трудница го заслужува тоа!-напиша Сара.
Сепак иако е бремена Сара не е од оние кои мируваат, па така заедно со сопругот и Илина неодамна беа на зимување на Златибор.
Ако мислевте дека одмара грешите, таа ја облече зимската опрема и излезе на скијање и уживаше на снегот заедно со својата преслатка ќеркичка.
Таа во интервју за „Женски магазин“ откри дека засега се чувствува одлично.
-Одлично се чувствувам, засега е се‘ како што треба. Многу сум радосна што семејството ќе ни се зголеми. Илина и Димитар се супер, и ќе бидам многу среќна кога на свет ќе дојде уште една позитивна личност како нив, од нивната клапа“, изјави Сара за „Женски магазин“.
Сара веќе и претходно зборуваше дека ужива во мајчинството, па рече дека открила нова димензија на љубовта.
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс