Таа е секогаш интересна за јавноста, а сега има еден совет за жените.
Најпознатата водителка и инфлуенсерка во Македонија секогаш има нешто ново да сподели, па затоа не е ни чудно што нејзиниот Инстаграм профил е најпосетуван и има голем број „следбеници“.
Лила често рекламира голем број македонски, но и странски брендови, а овојпат сподели мудра мисла или совет.
„Во ред е да се разведеш. Во ред е да раскинеш врска. Во ред е да почнеш од почеток. Во ред е да продолжиш во животот. Во ред е да кажеш НЕ. Во ред е да бидеш сама. Она што не е во ред е да останеш таму каде што не се среќна, ценета и почитувана. Тоа не е во ред спрема себе“ напиша Лила на „стори“.
Лила зад себе има два неуспешни брака, а често истакнува дека не планира да се мажи.
Сепак никогаш не вели никогаш. Со оглед на тоа како изгледа Лила не е чудно да се предомисли и повторно да се вљуби.
Сепак сега засега таа ужива сама во животот, односно опкружена од пријатели.
Често може да ја видиме дека патува на егзотични дестинации на кои ја придружува нејзиниот најдобар другар Спасе.
Неодамна беа на летување во Турција, а потоа и во Грција.
Тие прво уживаа на преубавата плажа каде се фотографираа покрај морето, а потоа и покрај базенот кога Лила ги воодушеви сите со своето летно издание. Имено, таа позираше во дводелен костим за капење и го покажа своето тело на кое никој не може да остане рамнодушен.
Водителката ја доведе својата линија до совршенство, па затоа и има што да покаже.