Наши ѕвезди

Нашата позната водителка се помоли пред моштите на Св. Василиј ОСТРОШКИ и побара покајание за своите гревови

Advertisement

„Помешани чувства со солзи и молитви“

Advertisement

Драгица Стевковска – Дракче е добро познат лик на македонската публика, која долги години опстојува на малите екрани и е една од најомилените на постарата публика. Нејзините емисии се доста гледани, а таа со нејзината смиреност, позитивност, го грее срцето на секој гледач.

Водителката на емисијата „Патот на светлината” е 37 години во брак со пејачот на фолк музика, Орце Стевковски.

Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Ангелина и Александра, а најголема радост им се петте внучиња: Јана, Андреј, Марко, Ема и Алек.

Својот спокој го наоѓаат во нивниот дом во селото Ржаничино, Петровец во Скопје.

Advertisement
ФОТО: Драгица Стевковска – Дракче / Фејсбук

Малкумина знаат дека Дракче се избори со paк на мaтката, кој ги зафатил и дебелото цpeво и бeшикaта. Нејзината битка ја бодеше со позитивна мисла и насмевка, без никој да забележи.

Викендов Дракче објави фотографии од еден од најголемите православни храмови во светот, манастирот на светецот Св. Василиј во Острог. Во опис на фотографиите таа напиша емотивен статус на кој никој не остана рамнодушен.

ФОТО: Драгица Стевковска – Дракче / Фејсбук

„Таму во далечините, таму кај што ноќна светулка фенер пали.. таму кај што дивото нане и лавандата во опоен мирис ја ставаат нокта.. Таму кај што камбаните удираат силно, се слева река од луге барајки мир, здравје и срека..

Помешани чуства со солзи и молитви до небо.

Слушни ги светилнику на верата ..слушни ги свети Василие мачните души и услишај ги молитвите исчисти ги paните од срцето на секој кој се поклони и побара покајание за своите грешки… Со тебе сме во век и векови Амин“, пишува познатата водителка во својата објава на Фејбук.

Инаку, неодамна во домот на Дракче и Орце имаше голема причина за славење.

Имено, Дракче и Орце славеа годишнина од брак.

Водителката на својот Фејсбук профил сподели никога досега видени фотографии.

Една од фотографиите е и од денот на нивната свадбена церемонија. Мора да се признае дека и пејачот и водителката не се имаат многу променето и се уште ги имаат фризурите по кои се препознатливи.

ФОТО: Драгица Стевковска – Дракче / Фејсбук

„18 мај 1984, судбоносно ДА… И сега Заедно“, напиша Дракче во опис на фотографиите.

Во едно свое интервју таа истакна дека за да се зачува еден брак потребно е многу разбирање и правење отстапки.

ФОТО: Драгица Стевковска – Дракче / Фејсбук

И покрај тоа што живееме во земја каде секој сака да дознае што се случува кај соседот, Дракче смета дека клучот за хармонијата во домот е во тоа да се слуша само мислењето на блиските.

И двајцата се доста активни на социјалните мрњжи каде често споделуваат и семејни фотографии на кои се гледа дека уживаат во друштво на децата и внучињата.

ФОТО: Драгица Стевковска – Дракче / Фејсбук

Во нивниот дом секогаш е весело и хармонично, а тоа го потврдуваат насмевките на нивните лица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button