Нашата позната водителка изгледа како насликано уметничко дело – ПРЕКРАСЕН ФУСТАН што не може баш секоја да го носи
Убавата и атрактивна водителка освен што речиси секојдневно ја гледаме на малите екрани, таа постојано е активна и на социјалните мрежи.
Редовно постира видеа и фотографии и ги известува своите фанови за своите активности.
Сепак она што во последно време паѓа во очи е дека Јелена Спенџарска изгледа поубаво од кога било, а нејзиниот стајлинг беспрекорен.
Таа речиси секој ден споделува што носи, а комбинациите кои ги избира се која од која поубави.
Овојпат таа избра прекрасен црн фустан, необично исечен во предниот дел со длабоко деколте и интересен златен детаљ на средината кој ги краде погледите.
Целиот стајлинг таа го заокружи со средена фризура и дискретна шминка.
Јелена направи селфи во огледало, а рамката од огледалото пак придонесе таа да изгледа како насликано уметничко дело закачено на ѕидот.
– Добра поза, прекрасен нов фустан, најимпресивното огледало во моја близина и нормално, камерата на мојот Galaxy S21 Ultra!!!
Е тоа е рецептот за совршено селфи!-напиша Јелена која изгледаше како милион долари.
Јелена Спенџарска важи за една од најпознатите и најатрактивните македонски водителки, која и те како води сметка за својот изглед. Таа е една од оние што му немаат потклекнато на трендот на естетски зафати, па и понатаму го негува својот природен изглед.
Често вежба во теретана, па резултатите се евидентни!