Нашата позната актерка го прележа коронавирусот, па на својот роденден се присети на најтешкиот период од нејзиниот живот

Познатата македонска актерка си ја отвори душата и кажа низ што поминала изминатава година.

Актерката и директорка на Центарот за култура во Битола на својот роденден сподели како се справила со коронавирусот и какви последици оставил вирусот над неа.
Маја Андоновска Илијевска вели дека наполнила 37 години и гордо ги прегрнува, но изминатата 36-ка не била баш добра за неа.
Имено таа беше позитивна на Ковид 19 и открива дека со последиците се борела половина месец лекувала пост-ковид последици.
„Јас сакам да зборувам за животот таков каков што е, со сите свои осцилации на дно и небо … За мене животот одамна не е совршена слика на ФБ и инстаграм, туку срцебиење страст, љубов, тага, радост, успех, неуспех … Се доживеано полнокрвно, човечки!“ пишува таа на својот фејсбук-профил и продолжува:

„Денес ми е роденден. Гордо ги прегрнувам своите 37, силна, свесна и среќна.
36 ката ја бакнав, прегрнав и ја испраќам. Ако беше гад кон мене, ќе се сеќавам на неа со љубов. Пола година се плашев да не закачам Ковид до анксиозност, другата половина здравствено ги лекував последиците од неговото прележување.
Фотографијата е стара 6 месеци и е мала шега на сопствена сметка, оти така ми помина триесет и шестката, со апаратот за притисок на една рака, а со желба за наздравување на животот во другата.
И да кажам, добра сум, лекцијата ја повторив, усвоив и научив, најважно е да знаеш кога да ја кренеш рачната, а кога да се возиш на лудата железница на животот.
Си се опкружив со мал круг на за мене големи и најважни луѓе, се смеам на сопствена сметка многу често, вежбам јога, сакам и сум сакана!“ вели актерката.

Таа додава дека ако на 27 била торнадо, сега е ураган.
„Среќен да ми е роденденот. Му благодарам на бога за се што имам. Посакувам само да сум здрава, жива и опкружена со најмилите, да си примам едно вакцинче и да си играм претстави, да организирам настани, концерти и фестивали без протоколи. Друго ништо не ми треба“ – напиша актерката на својот фејсбук-профил.


Актерката е сестра на пејачот Димитар Андоновски кој својата музичка кариера ја градеше полека, но сигурно.
Кариерата ја започна како виолинист и дел од младите таленти на тогашната „Плеј потрага по ѕвезда“ на М2 продукција, а често со гордост зборува за неговата сестра.


