Нашата водителка имаше убав повод за славење- честитки пристигнуваат од сите страни
Денеска е посебен ден за нашата позната пејачка, писателка и водителка.
Писателката и пејачка Сузана Турунџиева е жена која важи за вистински борец кој има многу поминато во животот, а сега имаше убава причина да слави.
Нејзината ќерка Лора слави роденден, а гордата мајка на Фејсбук и честиташе со емотивна порака.
-Во годината со многу двојки, мојата прва љубов Лора го слави 22 роденден да ти се множат среќни и исполнети со љубов години мила моја ќерко-напиша Сузана на својот фејсбук-профил.
Секако следеа еден куп лајкови и честитки во коментари.
Инаку Лора на својата 18-годишна возраст го изговори судбоносното „Да“ и го започна своето ново животно патување.
Лора е ќерка на македонскиот пливач Александар Маленко и водителката Сузана Турунџиева која многу млада стана мајка.
Лора и Филип набрзо по венчавката го добија синот Јаков, кој стана центар на нивниот свет, нивна најголема радост.
Лора и Филип се доста активни на социјалните мрежи и важат за складен пар, кој ужива во новата животна улога.
Секој слободен момент го користат да го поминат со Јаков и да отидат на чист воздух во природа.
Лора која е млада мајка сега може да се пофали со тело на кое многумина ќе позавидат.
Инаку, Лора како своја најголема поддршка ја има само нејзината мајка и помалата сестра, додека со нејзиниот татко никогаш не била во сјајни односи.
Истото го има изјавено и Сузе дека децата биле најголема поддршка во нејзиниот живот кои и помогнале да ги преброди тешките периоди во животот.