Натпреварот во кој учествуваше поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски е доказ дека НЕМА поубаво девојче од Македонче!
Дали има н’ овој бели свет поубаво девојче од Македонче?
Претставничката на Мексико Алесандра Дијаз е победничка на светскиот натпревар за убавина „Miss Globe“ кој оваа година се одржа во Улцињ
На натпреварот „Miss Globe 2019“ се натпреваруваа убавици од повеќе од 50 земји, а нашата претставничка, поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, Кристина Димитријевска, ја освои титулата Мис фотогеничност.
Победничката од Мексико
Првата придружба на победничката од Мексико е мис на Тринидада и Тобаго, а зад неа следуваа убавиците од Филипини, Канада и Чешка.
Мис космополитен го освои Албанката Клеа Буши, додека Мис интерконтинентал замина кај убавицата од Австралија.
Интересно е тоа што покрај Кристина Димитријевска на овој натпревари учествуваа уште две девојки од Македонија, но настапија под туѓо знаме.
Кристина, Ивана и Симона на Мис Глоуб
Ивана Димитрова ја претставуваше Бугарија, додека Симона Тодоровска ја претставуваше Словенија.