Наши ѕвезди

Наташа Беквалац денес важи за модна икона, но кога ќе видите како се облекувала пред 18 години ќе паднете во несвест

Advertisement

Никој не го сака албумот со стари фотографии, особено оние на кои изгледаме како да сме од друга планета…

Advertisement

Погрешен моден избор, чувство како да сте во филмот на Тошо Малерот, погрешно време, ма сé е погрешно. Токму затоа многумина радо би ги запалиле овие фотографии или ги кријат на некое зафрлено место во домот. Но кога сте позната личност, можете да ги криете, но не и да ги сокриете бидејќи кога-тогаш ќе испловат и ќе завршат во медиумите.

Тоа секако важи и за пејачката Наташа Беквалац којашто со помош на нејзината сестра Кристина која е дизајнерка во последните неколку години изгледа како вистинска модна икона. Таа одлично избира модни парчиња кои преставуваат совршен спој на уличната и високата мода.

https://www.instagram.com/p/BqlPU-Xg_XB/

Advertisement

Но, тоа не е така од секогаш…

Имено, порано, додека сестрата на Наташа се уште го учеше занаетот, пејачката се облекуваше сама.

Па и ако на сето тоа ги додадеме „опасните“ трендови што беа хит во раните 90-ти, од проѕирните маици, па до тексас бермуди до колена, ќе ја добиеме формулата со која ниту една пејачка денес не би се гордеела.

Но да не се лажеме. Сите имаме вакви фотографии од минатото кои ако ништо друго барем можат да ни послужат добро да се изнасмееме на сопствена сметка.

И да се надеваме дека во меѓувреме сме напредувале.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button