Наполни 49 години, а во ова издание изгледа 20 години помладо – Филиповска покажа тeлo на кое можат само да и завидуваат!
Еве зошто таа е една и единствена …
Нашата шармантна водителка Лила Филиповска важи за една од најатрактивните жени во Македонија, а оваа титула ја доби благодарение на многуте феноменални модни, но и пpoвoкaтивни изданија на социјалните мрежи.
Водителката на популарниот квиз „Се’ или нешто“ неодамна сподели фотографии во една поприлично егзотична комбинација со која ги воодушеви сите.
Имено атрактивната водителка позираше во кусо фустанче што го носеше во комбинација со кожена јакна и кафеави чизмички, а целото издание го подигна со шик фризура.
Во преде план се нејзините убави нозе, заради што нејзините фанови веднаш ја опсипаа со лајкови и комплименти.
„Моите омилени бои во октомври“, напиша Филиповска под ова топ есенско издание во кое изгледа минимум 20 години помладо.
И само неколку дена потоа, Лила повторно ги зовре страстите. Но овој пат носеше свечено фустанче направено до светкави реси, а во прашање е издание во кое изгледаше феноменално, а со кое го прослави својот 49 роденден.
Инаку, шармантната водителка веќе долго време го носи епитетот на една од најотмените дами на македонската јавна сцена.
Таа за мода се интересирала уште од мали нозе, а низ годините го изгради својот стил – елегантен, женствен и кокетен.
На списокот со нејзин омилени модни парчиња можете да најдете голем број трендовски модели, но и мошне провокативни и женствени модни комбинации.
Познатата водителка исто така не воодушеви и кога пред неколку недели позираше во преубавиот долг фустан во црвена и бела нијанса. Таа тогаш целото издание го зачини со елегантни сандали со високи потпетици, коса врзана во коњско опавче и тренди очила за сонце.
Во продолжение погледнете уште неколку нејзини интересни модни изданија, но и фотографии од нејзиниот годишен одмор со кои на многумина им ги разубавуваше деновите во текот на топлите летни месеци.