На прв поглед ова е една сосема обична фотографија со Ана Ивановиќ, но погледнете подобро – поради овој необичен детаљ, фановите се испокараа на Инстаграм
Обожавателите на познатата тенисерка влегоа во жестока расправа коментирајќи една нејзина фотографија.
Една фотографија на српската тенисерка Ана Ивановиќ беше доволна за да започне потполно бесмислена расправа на социјалната мрежа Инстаграм и тоа – за нејзините чорапи, односно за недостатокот од истите.
Имено, Ана позираше во зимска јакна, со плетена капа на главата, и шал околу вратот и ракавици на рацете, но хеланките во долниот дел открија дека нејзините нозе се голи. И како што тоа се случува обично на интернет, тоа што Ана не носеше чорапи на некои корисници на социјалните мрежи, од само ним познати причини, очигледно им пречеше.
„Чизми? Капа, шал, ракавици, се е на место, но каде ти се чорапите? Ана, те сакам, но ова е смешно“, „Ист случај како кога ќе облечат летен фустан и зимски чизми или фустан + шал и тоа масовно го прават“, се бунеа некои модни „познавачи“ под нејзината фотографија.
А тоа дека работите отидоа предалеку кажуваат и оние коментари што застанаа во одбрана на Ана. „Како знаеш дека не носи чорапи? А и ако нејзе не и е студено, што ти е гајле тебе, напиша еден нејзин пријател“.
https://www.instagram.com/p/BpAAVGeBTD4/?utm_source=ig_embed
Како и да е ова е само доказ дека на социјалните мрежи секогаш, ама баш секогаш можете да навредите некого па дури и кога се во прашање вашите чорапи.
Едноставно, не можете да им погодите на сите, а ова е одличен пример дека тоа така функционира, нели? Но Ана секако дека не остана имуна на ваквите коментари па при следната комбинација на која носеше атрактивно сако-фустан, со црни чизмички, под фотографијата не заборави да напише:
https://www.instagram.com/p/BpS9YjWBdtH/?utm_source=ig_embed
Овој пат облеков чорапи – додаде таа во шега, како одговор на коментарите на дежурните хејтири.