На оваа Македонка не и треба Фотошоп: Отсекогаш изгледала убаво, но погледнете ги овие нејзини последни фотографии
Ќе се воодушевите!
Накова често прави промени во имиџот, но секогаш изгледа беспрекорно.
Поранешната манекенката Александра Накова ја имаме видено како русокоса, црнокоса и бринета, па иако често знаеше да експериментира со косата таа секогаш изгледаше неодоливо.
Македонската јавност имаше шанса да ја запознае во шуто „Преживеан“ како русокоса, со преслатка насмевка каде се покажа како одличен учесник кој често си ги исполнуваше предизвиците и задачите зададени од организаторите на шоуто.
Таа знае како да ужива во животот па тоа често го споделува и на социјалните мржи на задоволство на своите фанови, а еве како изгледаше кога првпат се појави во јавноста:
Манекенката Александра Накова се прослави со нејзиното учество во „Танц со ѕвездите“ и „Преживеан“, а потоа долго време ја немаше во јавноста. Но тоа беше од оправдани причини бидејќи во меѓувреме ја роди ќеркичката Леа, а потоа следуваше и тежок период во нејзиниот живот бидејќи се разведе од сопругот и таткото на нејзиното дете, кошаркарот Никола Гајдаџиев. Сепак, манекенката успеа да ги преброди проблемите и во текот на 2017 година повторно почна да се појавува во медиумите, но и да објавува провокативни „селфи“ фотографии на социјалните мрежи.
И покрај раѓање на нејзината ќерка, Александра брзо си ја врати совршената фигура, па продолжи да објавува „пикантни“ фотографии кои не оставаа никого рамнодушен, а посебно машката популација.
Сепак се чини дека најголем впечаток остави како русокоса во издание кое потсетува на Лара Крофт, односно ликот од филмот „Томб Рајдер“ со Анџелина Џоли и истоимента видеоигра.
Облечена во црни куси панталончиња и топ, дополнети со ремени, Накова ја истакна својата витка фигура, особено долгите и тенки нозе.
Неодамна Накова отвори и свој бутик во Гевгелија, па како што е редот таа направи и свечено отворање, а стајлингот и беше за чиста 10-ка.
Облечена во ултра провокативно црно кусо коктел фустанче со длабоко деколте, Накова ги пречека гостите.
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Таа сега е бринета и изгледа речиси подеднакво убаво како и секогаш.
Со секоја нејзина фотографија што ќе ја објави на социјалните мрежи покажува дека знае да ужива во животот, а уживаат и нејзините следбеници.
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова