Реклама
Вирално

Морбидни детали за момчето што го изврши масакрот – не прашува за неговите, постојано го повторува само ова

Момчето-убиец мисли дека брзо ќе излезе на слобода...

Реклама

Детето-убиец (13) кое со пиштолот на својот татко уби осум врсници и чуварот во Основното училиште „Владислав Рибникар“, и денес, шест дена по монструозниот чин, не покажува знаци на каење.

Како што пренесуваат медиумите од соседството, тој моментално се наоѓа во изолација на клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади. Потполно е смирен и има само две прашање „Кога ќе излезам од тука“ и „Какви се реакциите на она што го направив“?

Како што пишува српскиот Блиц, момчето убиец досега не брал контакт со никого ниту пак барал да ги види родителите.

Маркетинг

„Нема никакви барања, ни не прашува за родителите. Единствено го интересира кога ќе излезе и какви се реакциите на неговиот чин“, вели извор за Блиц додавајќи дека убиецот се однесува како да е прашање само на момент кога ќе излезе од клиниката, односно ќе биде слободен.

Фото: Приватна архива

Второ прашање што го поставува е каков впечаток оставил, какви се реакциите. Што се случува надвор и очекува да биде популарен.

Маркетинг
Фото: Твитер/ принтскрин

Неговите очекувања дословно се дека ќе се соберат под неговиот прозор и ќе му скандираат, вели соговорникот за Блиц.

Момент од апсењето (Фото: Твитер/ принтскрин)

Како што пренесува овој медиум, ученикот не добива ни седативи бидејќи е потполно смирен и не му се потребни.

Потсетуваме, незапаметена трагедија во Србија се случи во средата, на 3 мај, во основното училиште во Белград кога 13 годишниот ученик К.К. дојде на училиште со пиштолот на татко му. Тој најпрво го уби чуварот на училиштето Драган Влаховиќ и дежурните ученички, а потоа својот крвав пир го продолжи низ ходникот се до кабинетот по историја.

Фото: Приватна архива

Таму уби уште пет врсници и ја рани професорката по историја заедно со уште шест други ученици.

Како што може да се види на снимките од надзорните камери К.К. во школото влезе со отворен ранец на градите.

Најпрво го сретнал чуварот Драган Влаховиќ со кого поразговарал, а потоа го извадил пиштолот и пукал во него.

Фото: Приватна архива

Откако го усмртил чуварот, тој го продолжил крвавиот пир убивајќи две дежурни ученички и една која била во ходникот.

Кога го убил и третото девојче, убиецот го извадил шаржерот од пиштолот и го фрлил, а од ранецот земал нов и влегол во училницата во која што пукал во останатите ученици кои учеле заедно со него.

Од овие информации, односно од начинот на кој што К.К. го изврши злочинот повеќе од очигледно е дека бил обучен да ракува со огнено оружје иако имал само 13 години.

Ова покажува дека голема одговорност лежи во неговиот татко Владимир, затоа што тој од негова 12-годишна возраст го водел во стрелиште, и заедно со него тренирал војни симулации.

Имено, таткото на убиецот, Владимир Кецмановиќ, познат белградски доктор, на својот Фејсбук редовно објавувал фотографии од овие тренинзи на кои е со потполна војничка опрема (наменета за играње војно-тактички симулации наречени „Аирсофт“).

Тој сега се соочува со кривично дело – тешки дела против општа сигурност заради што може да добие 12 години затвор.

Од друга страна, неговиот син кој го изврши масакрот, бидејќи нема 14 години не може да биде кривично гонет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button