Многумина шокиpaни кога прв пат ќе слушнат колку години има Лила Филиповска, посебно кога ќе ја видат во едно вакво издание!
Водителката на „Сé или нешто“ ги откри своите адути
Една од нашите најпознати водителки и инфлуенсерки, Лила Филиповска, кој веќе со години уживаме да ја гледаме на малите екрани, објави уште една пpoвокативна фотографија со која никого не остави рамнодушен.
Имено, таа се сликаше во црн, дводелен костим за капење, преку кој носеше црна, проѕирна наметка со точки, а во коментарите под фотографијата на социјалните мрежи на своите фанови им го порача следново:
„Немам ниеден комплекс…а баш би сакала да имам еден на море“.
Инаку, Лила по завршувањето на средното медицинско училиште работеше како медицинска сестра – негувателка пред да ја започне својата кариера како водителка. Таа студираше на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје, а родена е во Шведска каде живеела со родителите.
Познатата водителка која плени со својот шарм е вистински професионалец во она што го работи.
Таа веќе со години важи за една од најпознатите водителки во Македонија, а со своите 200.000 фанови на социјалната мрежа Инстаграм важи и за една од најпознатите Македонки на оваа платформа.
Обожава да патува ширум светот и да стекнува нови познанства, но и да го минува времето со своите најблиски пријатели.
Кон средината на 90-тите ги прави своите први почетоци на телевизија, а како изгледаше тогаш, погледнете во продолжение.
Нејзината популарност ескалираше со квизот Енигма, кој беше нејзиниот прв и омилен квиз.
Филиповска од својот прв брак го има синот Филип кој денес и претставува најголема поддршка во животот.
Инаку Лила покрај тоа што денес е една од најпознатите телевизиски водители, таа веќе со години успешно се снаоѓа и како инфлуенсерка. Таа и е една од најпознатите жени од Македонија на социјалните мрежи, каде нејзините фанови секојдневно ги радува со нови фотографии.
Од нејзините фотографии можеме да видиме дека Лила се уште зрачи со својот шарм и убавина како и на почетокот на својата кариера.
Токму затоа и многумина ќе бидат изненадени коа прв пат ќе слушнат колку години всушност има водителката. Имено, Филиповска е родена во 1971 година, па со самото тоа минатата година во месец октомври наполни 5о години и заплови во шестата деценија од животот.
Таа за својот јубилеен роденден беше облечена во елегантен, црн фустан со шлиц со кој никого не остави рамнодушен.
Прославата беше во еден познат скопски ресторан, а на роденденот присуствуваа бројни познати фаци.
Како таа изгледаше тогаш, погледнете од фотографиите…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска