Многумина можат да и позавидат на убавината: Без грам шминка- еве како изгледа Елена Ристеска наутро

Една од најубавиот и најзгодните поп-пејачки на македонската естрада, Елена Ристеска објави готографии без грам шминка и покажа како изгледа наутро.

Таа деновиве ги почести своите фанови со фотографиии во природно издание и покажа дека не ѝ е потребна шминка за да изгледа убава.
Без трошка шминка и навиткана бујна коса Елена позираше со насмевка после вежбање и туширање.
„Утринска среќа … Денес после вежбање и туширање со новиот гел за туширање ERA shower gel.“ напиша Елена под фотографијата на која изгледа неодоливо привлечна.

Иако веќе сите знаеме дека Елена има неверојатен талент за пеење кој досега го докажала безброј пати, таа својата кариера ја пренасочи во еден сосема поинакво правец.

Минатата година лансираше парфем со свој потпис, а сега има нова колекција на гелови за туширање кои ги промовираше на Инстаграм со црно-бели фотографии.


Елена е позната по тоа што преферира природен изглед, па не е ретко да објави фотографија без шминка. Пред некое време објави фотографија рано наутро, а под неа напиша „Без шминка, никој не е совршен!“.

Во 2012 година таа се венчаше нејзиниот избраник Бојан Ивановски, а свадбата се случи во хотелот „Александар палас“ каде присуствуваа многу познати македонски ѕвезди.
Сепак две години подоцна тие одлучија да стават крај на бракот, но ниту еден од нив не сакаше да ги каже причините за истиот.
Во едно интервју за „Репортер“ таа рече дека воопшто не и било лесно да го направи тоа.
„За да се разделиш со некого, мора да има навистина нешто големо. Јас бев решена тој брак да заврши, но ниту еден развод не е пријатен“, искрена е Елена. Таа откри дека нејзиниот сопруг не бил љубоморен и бил сигурен во нејзината љубов и дека причината за разводот не е нејзиниот настап на ТЛЗП.
Сепак се чини дека она што беше најтешко и остави најголема трага врз неа беше смртта на нејзиниот татко.

Елена вели дека најтешките мигови во животот ѝ биле кога се соочила со болеста на татко ѝ, кој по една и пол година ја изгубил битката со ракот.
„Имам чувство дека тој е тука, така ми е полесно. Станувам свесна дека го нема само кога ќе отидам на неговото вечно почивалиште“, рече таа во интервју за „Репортер“
Елена често знае да се сети на него и да објави по некоја фотографија или емотивен статус и не е тајна дека таа длабоко тагуваше по неговата смрт.

Сепак не е сè така црно. Елена имаше еден куп успеси, а еден од нив беше и настап на Евровизија, но и на шоуто кое го следеше целиот регион „Твоето лице звучи познато“ каде Елена се покажа како еден од најдобрите натпреварувачи.

Елена Ристеска во Атина, во 2006 година, со песната „Нинанајна“ го освои 12 место, а освен по хитовскиот рефрен и пласман, беше впечатлива и по имиџот, црвениот корсет и ултра кусите тексас пантолони.

Во шоуто „Твоето лице звучи познато“ стигна и до финалето каде пееше песна од Сиа, но одлично се снајде во сите останати улоги кои и беа доделени.
Преубавата пејачка имаше и кратка романса со скопскиот угостител Филип Арсовски, но заврши за неколку месеци, а причините за разделбата сè уште се непознати за јавноста.








