Многумина го препознаваат како Коста од „Преспав“- еве каков е во ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ и како изгледа неговото семејство
Иако долги години се занимава со глумата, се чини дека хумористичната серија „Преспав“ е она по што долго ќе се памети.
Се сними и шестата сезона од серијата која ја освои Македонија, а публиката со нетрпение чека да види што ново ќе донесат преспанци.
Актерот Игор Ангелов сите го засакаа по улогата на Коста, еден од тројцата браќа Бузалевски и сопруг на Германката Ула, која ја глуми пејачката Тијана Дапчевиќ.
Па додека повозрасните го препознаваат како Коста, помладата генерација го нарекува детективот Цветко или дедо Менде.
Тој вели дека граѓаните го стопираат на улица многу често и се однесуваат како да разговараат со Коста Бузалевски.
-За среќа, го немам тоа чувство на популарност. Знам дека луѓето ме препознаваат по телевизиски ликовите кои ги играм во сериите и на улица кога ќе ме сретнат често ме нарекуваат со имињата од ликовите кои ги глумам во сериите. Младата популација ме вика дедо Менде, детективот, ќе речат еве го Цветко, а повозрасните, еве го Коста.
За среќа, кога ќе излезам на театарска сцена и кога глумам во претставите не ми се случувало публиката да го препознае Коста. Не се случило ниту да бараат да одглумам нешто и не се ставам во таква ситуација. Обично кога бара некој нема да го добие, но затоа кога мали деца ќе ме сопрат на улица и кога ќе ме препознаат се случува да не се сигурни дали сум детективот Цветко или дедо Менде.
Приватно сосема поинаков од Коста, сопруг на Ева и татко на двајцата синови Јаков и Андон, кој секоја година прави свое вино, живее во куќа во Брадовци, има свое лозје, а во бавчата одгледува органска храна.
Неговиот син Јаков годинава славеше полнолетство, а гордиот татко сподели фотографија.
Неодамна Игор исто така објави фотографија од неговиот син Јаков Ангелов каде што свири на еден музички инструмент, а под објавата се нижеа само позитивни коментари.
Со неговата сопруга Ева се запознале во средно училиште, каде што учеле заедно. Вели дека нејзе добро ѝ одело математика, а нему не, па морал да зема часови од неа.
-Почна да ми помага да учиме заедно, да ги поправам оценките. Тогаш се појави таа љубов којашто трае, кажа Игор во интервју за Репортер.