Новости

Милиони деца умираат поради неухранетост во 21 век – ова е најужасното место на нашата планета, а сé за е виновна една земја

Advertisement

Не само што децата гинат во бомбардирање, туку повеќето од нив умираат од глад, нешто што кога ние луѓето барем малце би биле понормални, или похумани, барем тоа би можело да се избегне.

Advertisement
Фото: АП

Меѓународната хуманитарна организација „Save the Children“ проценува дека починале голем број, можеби и преку 850.000 деца, помлади од пет години поради неухранетост за овие три години додека трае војната во Јемен.

Организацијата наведе дека тоа е „конзервативна“ проценка заснована само на просечните стапки за акутната неухранетост која, според Обединетите нации погодува повеќе од 1.3 милиони деца во Јемен од кога арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија влезе во војна против јеменските Хути бунтовници во март 2015.

Децата не умираат само во бомбардирање, туку повеќето од нив умираат поради глад, а тоа може да се избегне, соопшти директорот на организацијата „Save the Children“ во Јемен, Тамер Киролос, и додаде дека овие деца на овој начин неизмерно се мачат и умираат во тешка агонија.

Advertisement

Фото: АП

Војната во Јемен ја предизвика најтешката хуманитарна криза на светот, а Обединетите нации минатиот месец предупредуваа дека и до 14 милиони Јеменци се на работ на гладот. ОН се обидуваат да ги оживат преговорите и да ја завршат тригодишната војна во таа земја.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button