Милионерот чека бебе со 27 години помладата девојка: Уживаат во луксузна вила со базен на покривот, 7 спални соби и 7 бањи – имот покрај океанот од 24 милиони долари
Некогашниот бизнисмен, диџеј и ѕвезда на социјалните мрежи Џанлука Ваки со 27 годишни помладата манекенка Шерон Фонсек купи раскошна вила во Мајами Бич на Флорида, во која наскоро треба да се роди неговото прво дете.
Низ целтата вила се наоѓаат лизгачки врати, за присутните да можат да уживаат во неверојатниот поглед.
Преубавата вила на Џанлука Ваки е опкружена со палми и зеленило, а поради своајта неупадлива надворешност делува како да е стопена со природата. Недвижноста се простира на 12.700 метри, со седум спални соби и 7 бањи. Специјална карактеристика на куќата се терасите кои се простираат на 7.400 квадратни метри и базен од 27 метри. Секако, се водеше сметка за удобноста и комфортот, па сите спални соби имаат огромни кревети со многу перници, како и удобни софи и фотељи.
https://www.instagram.com/p/B6OZV51qWrg/
Посебно се истакнува главната спална соба која има вграден камин како и простран кревет со раскошен бел балдахин. Единствена боја која може да се види е токму белата, тука е и белиот тросед, како и две лампи, исто така во бела боја.
Во дневната соба преовладува минимализам, но и интимност, за се тоа да се стопи со опкружувањето, а внатре се ставени две големи палми, како и свеќе на масите. Се е од отворен концепт, па меѓу просторите нема врати, освен оние кои водат во преубавиот двор.
Она што е интересно е дека и во оваа огромна просторија нема телевизор, па делува дека познатиот милионер одлучил да се посвети целосно на совјата млада избраничка и секој момент да останат фокусирани еден на друг.
Како и остатокот од куќата и кујната има совршен панорамски поглед кон околината, а е уредена сосема едноставно. Чисти површини од дрво и бел мермер кој дава елеганција, а она што е изненадувачки е што освен вазните за цвеќе во кујната ништо друго на оддава внимание дека тука живее семејство. Нема ниту садови, чинии, ниту било какви детали, а и по оваа просторија може да се заклучи дека Џанлука сака сосема минималистички и чист изглед.
https://www.instagram.com/p/CD9JjFQq7SU/
Базенот долг 27 метри се наоѓа пред куќата и додека се бањаат во него, вљубената двојка ужива во погледот на океанот. Веднаш покрај него се наоѓа и мал летниковец со раскошни бели завеси, со кои се штитат од сонце, но и од љубопитните погледи на соседите.
https://www.instagram.com/p/CBYFulRjBrO/
И покрај самиот базен се е во светли нијански, а тука е и гарнитурата која Џанлука и Шерон ги сместуваат пријателите кои им доаѓаат во посета или на забава. Палмите и другите билки го издвојуваат неговиот двор од соседот, но судејќи според отворениот концепт на куќата, приватноста не е на прво место. На самиот покрив од вилата е уреден просторот за вечера и чиста романтика со залез на сонцето, кога ќе се смират летните горештини.
Бидејќи терасите се простираат на 7.400 квадратни мерки, Џанлука се потруди и максимално да ги искористат и нив, па гостите можат многу време да поминуваат на отворено, уживајќи во поглед на океанот или убавата природа, во зависност од која страна на куќата се наоѓаат.
Инаку, овој италијански плејбој чека дете со 27 години помладата манекенка Шерон Фонсек (25), а двојката неодамна откри дека ќе добие ќерка. на Шерон и Џанлука ова име е прво дете. Богатството на Џанлука се проценува на 300 милиони долари, иако многумина тврдат дека е 450 милиони.
https://www.instagram.com/p/CBtPLzHK76l/
Неговата убава избраничка е родена во Венецуела, но се школувала во Мајами. Покрај со моделинг, се занимавала и со глума и со новинарство, а на Инстаграм ја следат неколу милиони луѓе. Двојката е во врска повеќе од година дена.
https://www.instagram.com/p/CBBbTzcKV53/
Џанлука Ваки е познат и по здравиот живот и љубовта кон скапите мотори и луксузни автомобили, а голем дел од времето го поминува на своите јахти и сака да посетува егзотични места. По една неуспешка работа и пропаста на компанијата во чиј банкрот бил вмешан, осуден е на затворска казна од 3,5 години. После една многу тешка фаза во неговиот живот во 2011 година, се чини дека среќата му се насмевна, па добрите одлуки до доведоа до денешното богатство.