Меланија Трамп во кожена јакна со потписот на Викторија Бекам и фармерки што им стојат убаво на сите жени!
Ново шик издание на првата дама на Америка
Првата дама на Америка организираше проекција на филмот „Wonder” во киното во Белата куќа за 30 основци од американската едукативна установа „Digital Pioneers Academy”.
Проекцијата се одржа во склоп на Националниот месец за генерациско насилство, која во САД се одбележува секој октомври, а за лежерното дружење со основците првата дама на Америка избра опуштено издание составено од кафеава кожена јакна и темносини skinny фармерки кои одговараат на дами со долги нозе. Кожената јакна е со детали од тексас и потписот на британската дизајнерка Викторија Бекам, а 48 годишната Словенка своето тело дополнително го истакна и со тегет салонки со тенки високи потпетици.
Инаку, фармерките што ги носеше Меланија важат за модел што најдобро го истакнуваат женското тело и подеднакво добро изгледаат како на слабите така и на жените со облини.