Наместо леб, направете ја оваа прекрасна погача
Направете промена и наместо секојдневниот леб замесете преубава погача и уживајте во нејзиниот неверојатен вкус.
Состојки
2 компири
2 јајца
15 г квасец
1 лажичка шеќер
200 г сирење
Коцка путер
200 мл млеко
300-400 г брашно
сол
Подготовка
Од млекото извадете малку и потопете го квасецот со шеќерот за да надојде. Путерот истопете го. Во квасецот ставете ги јајцата, додадете путер и остатокот од млекото, брашното и солта и замесете помеко тесто.
Потоа оставете го тестото да отстои покриено половина час, компирот сварете го и изгнечете како за пире и додадете нарендано сирење, па сето тоа убаво изедначете го. Истресете на работната површина посипана со брашно и обликувајте топка и малку замесете го брашното.
Надојденото тесто поставете го на маса па развлечете го со рацете во круг, На средината ставете топка со компир и со рацете преклопете го тестото и потоа притиснете. На средината малку избушете го тестото. Ставете во намачкана плех и оставете да отстои 15 минути. Премачкајте со жолчка и избодете со виљушка.
Печете на 200 степени од 35-40 минути.
Пријатно!