Мајката на сестрите што загинаа во сообраќајна несреќа: „Му простувам на детето што ги уби моите деца“
Страшна сообраќајна несреќа што го потресе регионот
Рената Келам од Хрватска, мајката на сестрите кои во петокот нешто по полноќ загинаа во тешка сообраќајна несреќа, се збогуваше од своите ќерки со емотивна објава на социјалните мрежи.
Таа на почетокот ја цитираше библијата, а потоа го додаде и следново:
„Имам раце кое ве гушкаа и ве давам на Мајката Божја нека цврсто ве гушка додека да дојде вашата мајка деца мои убава и добра. Му се заблагодарувам на Исус што ми даде да ве имам малку, да ве бакнувам, да ве гушкам… Нека ве чува додека да дојде вашата мајка дечиња мои добри, дечиња мои убави“, напиша мајката и додаде дека му простува на детето што ги уби нејзините деца.
„Мојата душа се распадна бакнувајќи го мртвото и студено тело ваше, зошто срцето не пукне, па вашата мајка да биде со вас денес. Ние сме Христијани и ние простуваме така и вас ве учев, вашата мајка деца моја му простува на детето што ги уби моите деца“, напиша Рената на Фејсбук.
Потсетуваме, Петра (21) и Јелена (25) загинаа во страшна сообраќајна несреќа кога се враќаа од роденденска забава.
Тие се од Каштела во Хрватска, а нивната мајка Рената е пратеничка во општинскиот совет во Леќевица.
Несреќата се случи кога Петра и Јелена тргнаа дома по прославата на 25-от роденден на постарата сестра.
Тие излегувале од паркингот возејќи „шкода октавија“ кога на нив налетал „мерцедес“ управуван од 19 годишно момче.
Од силниот удар возилото во кое биле девојките излетало 30 метри, а ударот толку бил силен што и моторот бил исфрлен од автомобилот.
Девојките починале на лице место, а 19 годишното момче што управувал со мерцедесот е со полесни повреди.
Како што објави хрватскиот портал „Слободна Далмација“ првиот алкотест на 19 годишното момче што го управувал „мерцедесот“ не забележал алкохол во неговата крв.
Возачот на „мерцедесот“ удрил во сестрите откако тие непрописно се вклучиле на патот од паркингот, притоа не пропуштајќи го неговото возило со кое се движел по главниот пат.