Мајка и 2 деца најдени живи под урнатините ДЕВЕТ ДЕНА после земјотресот во Турција
Жена и нејзините две мали деца биле пронајдени живи во Турција, откако после девет дена под урнатините предизвикани од минатонеделниот разорен земјотрес, додека снимките од беспилотни летала покажуваат дека турскиот град Хатај е претворен во прав.
Ела и нејзините две деца биле спасени во Хатај, една од 10-те јужни провинции во Турција, кои беа опфатени од земјотресите на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 41.000 луѓе во земјата и нејзиниот сосед Сирија. Тие биле под урнатините 228 часа.
Снимките покажуваат десетици спасувачи кои работат на спасување на семејството. Малите деца биле внимателно завиткани во ќебиња и однесени на носилки, пред да бидат пренесени во болница со амбулантни возила.

Вчера во текот на ноќта биле спасени татко и неговата 15-годишна ќерка, како и 42-годишна жена. Телевизиските снимки емитувани во земјата ги прикажуваат работниците од итната помош како навиваат со радост и олеснување.
Ваквите сцени стануваат сè поретки во Турција и Сирија како што одминува времето, но властите велат дека се решени да продолжат додека не се најде секој заробен преживеан.

Во меѓувреме, бројот на загинати во регионот се искачи над 41.000, а многу од преживеаните се изложени на ниските зимски температури, бидејќи е останати без покрив над главата поради уништувањето на градовите во двете земји.
„Ќе продолжиме со нашата работа додека не го отстраниме последниот граѓанин што остана под урнатите згради“, рече турскиот претседател Таип Ердоган доцна во вторникот по состанокот на Владата одржан во седиштето на агенцијата за катастрофи во земјата.

И покрај тоа што помина една недела од катастрофата, вистинската големина на земјотресот сè уште не е целосно согледана.
Снимка направена со дрон покажа дека цели населби се израмнети со земја и ја демонстрираа безнадежноста за пронаоѓање на живи луѓе.

Претходно, Сехер (15) родена во Сирија и нејзиниот татко Фаез Ганам беа спасени во Хатај, јужна Турција, доцна во вторникот навечер, околу 210 часа по првиот земјотрес.
Сехер имала маска со кислород преку носот и устата, додека главата ѝ ја држел спасувач.

77-годишна жена, по име Фатма Гунгор, исто така била извлечена жива од урнатините на седумкатниот станбен блок во градот Адијаман.
Како што изминува времето, така сѐ помали се шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините, но спасувачите и понатаму неуморно работат и не се откажуваат од потрагата.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин