Мајка е подготвена да гладува, само ќерка ѝ да има дизајнерска облека – луѓето шокирани

Мајка која живее со само 180 долари неделно, наместо да плаќа кирија, ги троши парите на дизајнерска облека за својата седуммесечна ќерка.

Кариса Спарк, од Дорсет во Југозападна Англија, призна дека нејзините приоритети лежат во тоа да ја облече нејзината ќерка Лавинија во брендирана облека, наместо да купува намирници за себе.
Самохраната мајка живее од владина финансиска поддршка и студира вонредно за да биде фризерка.
Таа троши половина од својот приход на бебешка облека и преживува од конзервирана супа и инстант тестенини за да го обезбеди „најдоброто“ за своето дете.
„Сакам многу лакови, панделки, сè што светка – никогаш не верував дека ќе бидам вака“, рече таа во реалното шоу Blinging Up Baby. „Ако треба да се изгладнувам за да и купам нешто брендирано, веројатно би го направила тоа“.

Кариса често се фаќа себеси како брои ситни пари за да си ги плати сметките и да си купи неопходни работи.
Мајката секогаш обезбедува најдобро за потребите на нејзината ќерка пред да размисли за себеси и своите пореби – било да е тоа
храна, облека или играчки.
„Секогаш внимавам Лавинија прво да ги добие работите што ѝ се потребни. Таа има сè – јас сум таа што може да се воздржи од многу работи“.
„Живеев од супа во лименка, можеби шолја супи и тестенини“.

Но, не сите ја делат визијата на Кариса, и таа призна дека многумина ја нарекуваат „луда“.
„Навистина не се грижам за нив – ми се допаѓа таков изглед на детето. Кејти Прајс ми влијае најмногу“.
Самохраната мајка се грижи нејзината ќерка да носи дизајнерски парчиња облека.
„Се надевам дека кога ќе погледне назад на фотографиите, таа ќе види колку труд сум вложила и ќе види колку е сакана“, рече Кариса.
Мајката исто така откри дека нејзината желба да го облече своето бебе во Диор произлегува од затегнатите односи со нејзината мајка.
„Никогаш не бев блиска со мајка ми и знаев кога имав бебе [сакав да бидам толку блиска] со неа“, рече Кариса.

„Кога и ги облекувам работите што ги купувам, некако станувам емотина за тоа колку е убаво. Сакам да се чувствувам така. За мене тоа е многу важно“.
Кариса била воспитана од нејзините баба и дедо откако нејзината мајка, која тогаш имала 17 години, не можела да се справи со одговорноста за бебето.
Баба ѝ уште ја издржува и финансиски.
„Мислам дека ако не и помогнеме, нема да може да јаде ништо“, рече нејзината баба.
„Како семејство правиме многу за неа, сите ние. Тоа е она што се прави за семејството, им помагате“.
Многу родители биле шокирани од „непромислениот“ начин на кој Кариса ги троши своите пари.
